Европската комисија испрати писмо до земјите-членки во кое објаснува дека компаниите од ЕУ можат да плаќаат за рускиот гас во рубли, само под одредени услови.
Според најавата на комисијата, доколку рускиот гас се плаќа во евра или долари кои потоа се конвертираат во руска валута, компаниите од ЕУ можеби ќе можат формално да избегнат кршење на санкциите кон Русија.
Европска комисија Компаниите од ЕУ можеби ќе можат да работат околу барањето на Русија да добиваат плаќања за гас во рубљи без да ги прекршуваат санкциите доколку платат во евра или долари кои потоа се претвораат во руска валута.
Според поранешниот руски претседател Дмитри Медведев, европските земји нема да издржат ниту една недела без испораките на гас од Русија.
Ги цениме доследноста и принципиелноста на нашите европски партнери. Особено ако се има предвид дека, според најновите податоци на ММФ, Европа може без нашиот гас најмногу шест месеци. Но, навистина, не може ниту една недела. – изјави Дитри Медведев.
И додека европа останува зависна од рускиот гас, во Украина продлжувата руските напади Руските сили продолжија со воздушните напади и се обидуваат да се пробијат до железарницата Азовстал, во која се сместени преостанатите украински ловци во Мариупол,
Непријателот се обидува да го задуши последниот обид за отпор на бранителите на Мариупол во областа Азовстал. – изјави советникот на украинскиот претседател Олексеј Арестович.
Од фабриката во Азовстал пак каде два месеци се кријат цивили, денска е објавена снимка. Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека руската инвазија на неговата земја е само почеток и оти Москва има планови да заземе и други земји. За денеска се планира евакуација од опколениот украински град Мариупол.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.