За време на посетата на Брисел премиерот Заев ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ.

Објавил: Рејхан Бајрами | 10 мај, 2021 6:19

Европска агенда на Заев: Работни посети на Брисел, Мадрид и Атина, прва посета на кралството Шпанија на премиерско ниво

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, од вчера ги започна европска работна агенда која опфаќа работни посети на Брисел, Мадрид и Атина.

Во седиштето на Европската Унија во Брисел, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, премиерот Заев ќе оствари работни средби со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли, со Јосеп Борел, потпретседател на Европската комисија  и Висок претставник за надворешна политика на ЕУ, со извршниот потпретседател на Европската Комисија, Франс Тимемерманс и со Оливер Вархеји, еврокомесар за соседска политика и проширување.

За време на посетата на Брисел премиерот Заев ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ.

Претседателот на Владата Зоран Заев, во Брисел уште ќе се сретне и со европарламентарците Дачиан Чолос, претседавач на групата Europe Renew, Илхан Ќучук, известител за Северна Македонија и со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ.

Од Брисел, премиерот Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, заминува за Мадрид.

Во главниот град на Кралството Шпанија, како прва посета на оваа земја на премиерско ниво, претседателот на Владата Заев ќе има средба со премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез и со Пилар Лоп Куенка, претседателка на шпанскиот Сенат.

За време на посетата на Мадрид, премиерот Заев ќе оствари средба и со Антони Гараменди, претседател на Шпанската конфедерација на работодавачи.

Премиерот Заев ќе ја заврши европската агенда со работна посета на Атина и со учество на Економскиот форум Делфи, заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и со министерот за економија Крешник Бектеши.

Во Атина претседателот на Владата Заев ќе има средба со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис.

На маргините на Економскиот форум Делфи Заев ќе има одделни средби со Алексис Ципрас, поранешен премиер на Грција и лидер на СИРИЗА, со Тони Блер, поранешен премиер на Велика Британија, како и со други политички претставници од меѓународната сцена и со претставници на компании и стопански комори.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

ЕУ дискутира за епидемиолошката состојба во „трети земји“ на секои две недели и го ажурира списокот на оние земји што се сметаат за безбедни за патување

Од 25 јуни Германија ќе дозволи влез на патници кои не се од ЕУ, но само со примени две дози вакцина

Од 25 јуни германската влада ќе им дозволи на патниците надвор од ЕУ кои ги примиле двете...

Настанот е пријавен во Одделенито за внатрешни работи од каде потврдуваат дека е приведено едно лце под сомнение дека е сторител на казненото дело „убиство во обид“.

Тешко ранет жител на Дебар!

Дебар,18 јуни 2021(МИА) – А.И. од Дебар синоќа бил ранет со огнено оружје, а поради сериозноста...

На Задушница се посетуваат гробиштата каде што со молитва, пченица и лепче осветено со црвено вино се изразува помен за починатите

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница

Православните христијани денеска и утре го празнуваат Задушница во чест на душите...

Зоран Заев со секоја нова изјава продава се повеќе и повеќе, позициите на државата со Заев се трајно разнишани.

ВМРО-ДПМНЕ со молба до Заев да си оди лош бил, Заев не молеше беше на улица!

Заев повторно на маса вчера става отворање на Уставот и ветува работи за кои нема согласност. Воедно...