Иако и Романија и Литванија негираа било каква соработка со американската Централна разузнавачка служба, Европскиот суд за човекови права ги потврди фактите

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 октомври, 2018 9:44

Европскиот суд за човекови права потврди: Романија и Литванија имале тајни затвори на ЦИА

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Европскиот суд за човекови права ги отфрли жалбите на Литванија и Романија за пресудите на Трубуналот од мај годинава за нивна вмешаност во програмата за тајни затвори на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА).

Двајца затвореници од Гвантанамо – Абдара Рахим ал Нашири, кој ја тужеше Романија и Абу Зубајда, кој поднесе тужба против Литванија, тврдеа дека биле држени во тајни затвори во овие земји во периодот од 2004 до 2006 година и биле подложени на психичко и физичко насилство.

Досега ниту Букурешт, ниту Вилнус не признаа дека имале тајни затвори на нивни територии и ја обжалија пресудата.

Сепак, Судскиот совет едногласно ги отфрли нивните жалби.

Судот заклучува дека Литванија имала таен затвор на ЦИА помеѓу февруари 2005 година и март 2006 година, дека Зубајда бил притворен таму и дека националните власти знаеле дека со тоа се крши Европската конвенција за човекови права. – се наведува во мислењето на Судот.

Се препорачува властите на Литванија што побрзо да спроведат целосна истрага и доколку е потребно, да ги казнат виновниците.

Литванија е должна да плати 100.000 евра на тужителот и 30.000 евра за судски трошоци. Судот во Стразбур ги донесе истите заклучоци и во однос на делото во Абдара Рахим ал Нашири против Романија, која ќе треба да му исплати 100.000 евра.

Европскиот суд за човекови права, исто така, препорача Букурешт да спроведе истрага и да се обиде да добие уверување од американските власти дека Нашири нема да биде осуден на смрт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

Конкретно, Вашингтон подготвува „санкциски трик“ против Северниот ток 2 и очекува дека ќе го објаваат пред Нова година, објаснува германскиот весник.

АМЕРИКА ПОДГОТВУВА НОВОГОДИШНО ИЗНЕНАДУВАЊЕ ЗА ПУТИН: Германски Билд открива интересно сознание!

САД се уште не може да ја запре изградбата на „гасоводот на Путин“, пишува Билд. Конкретно,...

Таа и нејзината ќерка депортирана е од Турција. Ирската полиција , како што се очекува треба да го истражи обвинувањето за тероризам.

БИЛА ИРСКИ ВОЈНИК, А ПОТОА СТАНАЛА НЕВЕСТА НА ЏИХАД: Тврди дека не е терорист, а сега мора и да го докаже тоа

Ирската државјанка Лиза Смит која заминала во Сирија како „невеста на џихадист“,...

Педофилот на судот го признал злосторството. Судот на 22. ноември му одреди притвор од два месеци, а се до 19. јануари 2020 година.

ХОРОР: Педофил влета во училиште, се преставил како доктор, па силувал 12-годишно девојче

Во едно училиште во Русија, маж без никаква препрека поминал покрај училишниот чувар,...

Јавноста веќе е запознаена дека Меркел имаше здравствени проблеми, и неколку пати неконтролирано се тресеше по што на сите важни настани мораше да седи, па во средата навечер, во Берлин, таа имала многу проблеми додека да се качи на бината.

(Видео) Меркел падна додека се качуваше на бина, се пошегува на своја сметка

Незгодна ситуација за Германската канцеларка Ангела Меркел откако падна од сцената...