д-р Радосавлјевиќ, апелира до сите оние кои се болни во болниците, сместени меѓу другите заразени, но и здравите меѓу здравите да носат заштитна маска, за побрзо да може да се помине оваа криза со коронавирусот..

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 јули, 2020 10:50

Еден заболен со коронавирус може да зарази уште 100 други- ова е најдобрата заштита!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пулмологот д-р Татјана Радосавлјевиќ за Прес 24, истакна дека коронавирусот е опасен и треба да бидее внимателни, бидејќи како што објаснува, само еден заразен со коронавирус кој не носи заштитна маска може да зарази дури 100 други лица кои исто така не носат заштита, а оддалечени се од него најмалку еден ипол метар.

Скопје, се уште е водечки град по бројот на новозаразени од Ковид 19. Бројот на заболени вчера само во главниот град е 63…

д-р Радосавлјевиќ, апелира до сите оние кои се болни во болниците, сместени меѓу другите заразени, но и здравите меѓу здравите да носат заштитна маска, за побрзо да може да се помине оваа криза со коронавирусот..

-Доколку носат маски и заразените и останатите 100 луѓе, 95 отсто о нив се заштитени. Со оглед на тоа дека за овој вирус не постои лек, маските се апсолутно единствено сигурно средство за заштита, поради што сите мораме да ја сфатиме нејзината важност, што побрзо. Дури и оние кои лежат во болница поради оваа инфекција треба да носат маска, затоа што на тој начин ги штитат медицинските лица, но и останатите кои имаат пневмонија, но не им е потврден коронавирусот – истакнува Радосавлјевиќ.

Вчера беа направени 1367 тестирања, а регистрирани се 120 нови случаи на ковид-19.

Досега во земјата се направени вкупно 69.426 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 7244, бројката на оздравени пациенти е 3324, на починати е 351, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3569.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Тој што ќе донесе одлука децата да се вратат во училишните клупи треба да биде сигурен дека нашите образовни институции имаат капацитети и ресурси

Героски: Не експериментирајте со здравјето на нашите деца, нема да ви биде простено!

Сигурен сум дека нема родител на дете на училишна возраст којшто не сака неговото најмило...

Организатор на маратонот е пливачки Клуб ВАРДАР 2018, а воедно ова е првиот Крушевски Маратон “Тоше Проески” и натпревар организиран во Крушево.

Во недела во Крушево ќе се одржи првиот пливачки маратон „Тоше Проески“

На 9-ти август во 11 часот на Крушевско Езеро за прв пат ќе се одржи маратон во пливање....

ОНА командантот имаше приложено психијатриска потврда до надлежните од инвалидската служба во Луцерн, која потврдуваше работна неспособност, поради боледување од параноидна шизофренија. Истата е потврдена и од Швајцарскиот суд.

Ахмети во Швајцарија примал инвалидска пензија за параноидна шизофренија?

Имено се до моментот кога отпатува на македонскиот фронт 2000-та година, иако се смета...