Маја сега ќе имае 24 години

Објавил: Македонка Димкин | 26 декември, 2023 17:24

Единаесет години семејството на 14-годишната Маја не доби одговор кој ја остави да умре среде планина

Фото/Текст извор: ©Фокус

Случајот со убиството на 14-годишната Вања Ѓорческа од Скопје ја потсети јавноста на мистериозната смрт на исто така 14-годишната Маја Блажеска од Лешани, Охрид, која и по 11 години остана мистерија.

Нејзиното семејство не дозна што се случило со девојчето кое беше пронајдено мртво кај Велмеј, на планините над Охрид, на почетокот на јануари 2014 година.

Пред тоа, таа се водеше како исчезната од 12-ти ноември 2013 година, кога нејзиниот татко пријавил во полиција дека побегнала од дома. По околу два месеци потрага, телото случајно го пронајдоа ловџии, откако нивните загари започнале да ги влечат кон местото каде меѓу стопениот снег се наоѓало починатото девојче.

Фокус“ во повеќе наврати пишуваше за случајот, кој беше затворен како трагичен настан, и официјално беше соопштено дека девојчето починало поради ниските температури. Како 14-годишната Маја успеала да дојде на тешко пристапниот терен на 1.500 метри надморска височина среде шума, каде температурите се спуштале и до минус 20 степени, остана мистерија.

Откако беше пронајдено нејзиното тело, нејзиниот татко Ристе Блажески неколкупати јавно се огласуваше и апелираше случајот да не се затвори како несреќа, бидејќи верувал дека девојчето било намамено и донесено на Илинска Планина, и во никој случај не верувал дека самата залутала.

Како што тој раскажуваше, Маја првин побегнала од дома во октомври 2013 година, и кажала дека била во Скопје, кај момче кое го запознала преку Фејсбук. По враќањето имала модрици на телото, а таткото кажуваше дека не го знаеле вистинскиот идентитет на момчето за кое Маја им кажувала дека се вика Тони или Антонио и имал 22 години.

Откако се вратила дома постојано била вознемирена, а на денот кога последен пат ја видело семејството, на 12-ти ноември, таа првин го спремала ранецот за да оди на училиште, но откако татко и излегол од дома и тргнал по печурки, ја заклучила мајка и во собата и побегнала.

Семејството упорно и ѕвонело на мобилниот телефон, и кога им се јавила само рекла дека бега во Бугарија. Од тој момент телефонот и бил исклучен и повеќе не била достапна.

– Гарантирам дека Маја не залутала сама на планината. Верувам дека била заведена, грабната од момчето и потоа оставена на планината – повторуваше татко и, во повеќе наврати. Кажуваше дека кога го пронашле телото, и ги немало чизмите, марамата и атласот со кој излегла од дома. Кога ловџиите го пронашле телото, таа била боса, носела црни пантолони, а чантата и била над телото. Мобилниот и бил во чантата.

Тогаш и ловџиите кои го пронашле телото на девојчето, како и повеќе мешатни раскажуваа дека не веруваат дека Маја сама дошла до тоа место, до кое тешко се стигало, бидејќи било десеттина километри одење низ шума.

Набргу по добивањето на резултатите од обдукцијата, од СВР Охрид се огласија и истакнаа дека сите фактички елементи и резултати од обдукцијата упатувале на тоа дека нема елементи на кривично дело и на постоење на сторител. Открија и дека за време на истрагата на полицискиот тим од СВР Охрид, неколку лица биле ставени на полиграфското тестирање.

– Четиринаесет-годишната Маја Блажеска чие замрзнато тело беше пронајдено на Илинска Планина не е убиена и не е жртва на трговија со луѓе- соопштија тогаш од МВР.

Како денес живее и се носи со реалноста семејството Блажески, по 11 години од трагедијата во која останаа без својата ќерка единица, не успеавме да дознаеме, бидејќи таткото на Маја, Ристе, подолг период не е достапен на неговиот мобилен телефон. Нема информации дали го прифатија официјалниот став на институциите, дека нема кривично дело и нема сторител, или пак се уште трагаат по вистината за смртта на нивното дете, кое под се уште неразјаснети околности заврши на планина и го изгуби животот на само 14 години.

Остана енигма и идентитетот на момчето кое Маја го запознала преку социјалната мрежа Фејсбук, и кај кое заминала првиот пат кога побегнала од домот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Вели дека тој ги тепал неговите оти тој бил задолжен

Незири и во 2010 натепал и избркал од работа инструктор во М-НАВ оти не му потпишувал дека се обучил за контролор ,но тогаш синдикатот немал пристап и несмеел да зборува во медиумите

Ексминистерот за економија Беким Незири, сега вработен во М-НАВ, кој вчера заедно со...

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо пукал во Вања.

Не била задушена: Вања е убиена со истрел од оружје – еве што покажа обдукцијата

Непроменет останува утврдениот факт во истрагата, дека осомничениот Љупчо Палевски-Палчо...

61-годишниот актер се одлучил на овој потег за да може без љубопитни очи да ужива во вечерта со неа. За вечера потрошил околу 500 фунти, а уживале во јастог и суши

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски трговец со дијаманти, а за романтична вечера со убава Русинка го изнајмил цел ресторан

Том Круз, наводно, се вљубил во 25 години помладата Елсина Хајрова, ќерка на богат руски...