Биланс за 4 дена

Објавил: Калина Мартинска | 5 декември, 2024 21:23

Единаесет повредени деца во Скопје од „Тик-Ток“ предизвикот ,,Супермен’’

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Од „Тик-Ток“ предизвикот познат како ,,Супермен’’, најмалку 11 деца во Скопје завршиле во болница. Најмладиот има само 10 години. Билансот е во последните 4 дена.

Состојбата кај сите нив е стабилна и се пуштени на домашно лекување, вели директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“.

„Од 2 до 5 декември, денеска до 13 часот, има 11 по тој механизам на повреда, 10 години е најмладиот, а највозрасниот 16. Сите се пуштени на домашно лекување, веднаш по дијагностиката и имобилизација во два случаја, каде што се работело за скршеници“, изјави директорот на Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Климент Охридски“, доктор Небојша Настов.

Предизвикот „Супермен“ е кога повеќе лица креваат во воздух друго лице кое има испружена рака како да е Супермен. Но, играта станува сериозна кога лицето треба да застане на нозе. Се случува  тоа да е неуспешно и „Суперменот“ паѓа на земја со огромна шанса за сериозни повреди.

Во Романија за еден ден имало неколку интервенции од итната медицинска помош, а во Израел 19 деца завршиле во болница.

Загрижувачкиот феномен го вклучи алармот и во соседна Албанија. Тамошната Управа за аудиовизуелни медиуми испрати предупредување за родителите и тинејџерите да не наседнуваат на опасниот тренд во кој малку се лета, но лошо се паѓа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.