Наместо враќање на украденото, Заев тргна по стапките на претходната власт на ДПМНЕ и прво што направи си зема лиценца за производство на дрога, бизнис вреден околу 100 милиони евра.

Објавил: admin@magazin | 10 март, 2019 19:28

Заев и Мицковски на средбата да и простат на Ивона за затаениот данок за гаќите

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Единствена Македонија и македонскиот народ ја осудуваат лидерската средба на Христијан Мицковски и Зоран Заев од партијата „Погреб за Македонија”, составена од ДПМНЕ и СДСМ оти служат единствено за замајување на јавноста.

Партијата Единствена Македонија соопштија дека народот не гледа никакво фајде доколку сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор, а притоа украдените пари од 5,5 милијарди останат нечепнати.

Ги обвинуваат Мицковски и Заев дека вечерва ќе глумат лидерски средби кои биле во корист на граѓаните. Го нарекуваат премиерот Заев марионета кој трча по стапките на претходната власт на ДПМНЕ. Тие соопштија дека на големиот христијански празник Прочка како празник за прочистување и очистување на гревовите единствена добра работа е да направат, е да и простат на Ивона Талевска за затаениот данок за гаќите.

Во јануари 2018 година Централниот комитет на партијата одлучил партијата да се преименува во Единствена Македонија како и промена во политиките околу зачленување на Република Македонија во НАТО и Европската Унија, а доближување до политиките на Русија.

,,Наместо враќање на украденото, марионетата Заев тргна по стапките на претходната власт на ДПМНЕ и прво што направи си зема лиценца за производство на дрога, бизнис вреден околу 100 милиони евра.

Јавноста се изнагледа обвиненија за уривањето на Космос, набавка на мерцедес, изборни измами и нерегуларности, незаконско следење на комуникаици и уништување на опрема во УБК, бесправно градење, уништување на изборен материјал, мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување…, меѓутоа, овие обвиненија немаат допирни точки со одземањето на украдените 5,5, милијарди евра.

Народот не гледа никакво фајде доколку и сите обвинети од поранешната власт завршат во затвор, а притоа украдените 5,5, милијарди останат нечепнати, а марионетите Заев и Мицковски ќе глумат лидерски средби кои биле во корист на граѓаните. За волја на вистината, во случајот на една обвинета новинарка која се товари за даночно затајување сепак ќе дојде до одземање на нелегално стекнатото, бидејќи ќе мора да го врати затаениот данок при купувањето на нејзините гаќи. И толку од украдените 5,5, милијарди евра.

На големиот христијански празник Прочка како празник за прочистување и очистување на гревовите, единствена добра работа на вечерашната т.н. лидерска средба меѓу Мицковски и Заев е доколку и простат на Ивона за затаениот данок за гаќите во услови кога 5,5, милијарди евра украдени пари остануваат опростени и заборавени”, се додава во соопштението на Единствена Македонија.

Партијата за првпат по своето формирање учествувала самостојно на парламентарните избори во 2002 година каде што освоила 2.230 гласови (0,1%).

На парламетнарните избори во 2006, 2008 и 2011 НДМ учествувала во коалиции предводени од ВМРО-ДПМНЕ, додека на парламентарните избори во 2014 година, по 12 години учество во коалиција, повторно настапила самостојно и освоила околу 1.900 гласови (0,1%).

Партијата не учествувала на парламетнарните избори во 2016 година поради тоа што Државната изборна комисија ги отфрлила кандидатските листи на партијата. НДМ на ниеден парламентарен изборен циклус нема освоено пратеничко место.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести