ВМРО-ДПМНЕ обвинува:

Објавил: admin@magazin | 10 април, 2019 7:42

Единствено што прави Заев за економијата е делење криминални тендери

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Македонија е земја со најслаб раст на БДП во регионот и во Европа. Македонија е рекордер по растот на задолжувањето, а ништо не се гради. Капитални инвестиции нема, а се зголемува само бројот на наши сограѓани кои живеат под прагот на сиромаштијата. Заев ја уништува македонската економија. Масовно се краде и се делат тендери меѓу картелот. Заради тоа бегаат инвеститорите, а германските партнери му дадоа една огромна нула, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Прикривајќи се позади фамозниот план за економски раст додели милионски грантови на луѓе блиски до него и фирми блиски до неговиот клан, реагираат од опозициската партија.

Заев ги распушти сите економски промотори, го упропасти концептот за привлекување на СДИ граден макотрпно од Владата на ВРМО-ДМПНЕ кој концепт успеа да ја позиционира Република Македонија како атрактивна земја за инвестиции на светската мапа на инвеститори, ја наруши деловната клима која беше создавана со многу институционални реформи и истата беше валоризирана во сите извештаите на Светска Банка во кои Република Македонија се рангираше во групата на топ 10 реформатори во подобрување на условите на водење бизнис, стои во соопштението.

За разилка од сите тие добри економски политики на претходната Влада на ВМРО-ДМПНЕ кои дадоа значителни позитивни ефекти во растот на економијата, рекордното намалување на невработеноста и даоаѓањето на многу реномирани странски компании кои денес се основа за сите останати, СДСМ со своите катастрофални економски политики успеа да ја турне земјата од неколкугодишен рекордер по остварени стапки на економски раст во Европа, во групата на земји со најлоши економски резултати во регионот. Додека земјите од регионот се борат на сите можно начини да привлечат повеќе инвеститори, Заев и неговата неспособна Влада манипулира со граѓаните дека наводно НАТО ќе ни ги донесе странските инвестиции и ќе ги реши економските проблеми со кои секојдневно се соочуваат македонските граѓани низ целата земја. 

Воведувањето на прогресивното оданочување го задуши ИТ секторот како најкреативен сектор во државата, ниската реализација на капиталните инвестиции, криминалот и корупцијата кoи владеат во земјата ги влоши условите за водење бизнис и ја зголеми неизвестоста и нестабилноста кај приватниот сектор. Денес, наместо силна економија и шанса за сите како главна парола на Зaев и СДСМ, имаме потоната економија со масовни иселувања на млади високо образовани луѓе и енормна сиромаштија, и наместо шанса за сите граѓани имаме екслузивни можности за партиски членови на СДСМ и роднини на високи функационери на владеачката структура.

Затоа, почитувани граѓани, ако сакаме економијата конечно да тргне по вистинскиот пат кој ќе значи капитални инвестиции во нови инфраструктурни проекти, навистина подобри услови за сите граѓаните, политики за подобрување на конкурентноста на приватниот сектор, развој на индустријата и извозот што ќе значи нови добро платени работни места, треба час поскоро да ја поразиме оваа ненародна Влада на чело со Зоран Заев за да дојдат честити луѓе кои знаат, се наведува во партиската реакција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Од Регулаторната комисија за енергетика информираат дека во изминатиот седумдневен период референтните цени на светскиот пазар бележат намалување кај бензинот во просек за околу 0,70 проценти, додека кај дизелот има зголемување во просек за околу 1,23 проценти и кај Екстра лесното масло за околу 0,76 проценти.

Предновогодишно намалување на горивата – убава вест за возачите!

Цената на дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство од полноќ се зголемува за половина...

Во следниот период, УЈП очекуваат граѓаните да пријавуваат ако се соочат со злоупотреби при исплаќање на минималецот.

ОД ДЕНЕСКА ГРАЃАНИТЕ ПОБОГАТИ ЗА НЕКОЈ ДЕНАР: Стартува минималната плата од 14.500 денари

Од денеска според новиот закон ниту еден вработен во државава, од овој месец нема да...

Познатата изрека „додека има залихи“ предизвикува психолошки притисок кај потрошувачите. Впечатокот дека е нешто ограничено и дека времето истекува, потсвесно создава паника. Продавачите често тоа го прават со непотребните предмети, кои секојдневно најмалку им се трошат, користејќи поволни понуди, кои најчесто се илузија.

Црн петок – реален попуст или маркетиншки трик

Големи попусти утре ширум светот, овој тренд го следи и Македонија, но прашањето веднаш...