Стојановски на 1-ви јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров

Објавил: admin@magazin | 27 јуни, 2018 13:50

Една година затвор за дедото на Тамара

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Апелациониот суд ја преиначи пресудата за дедото на малата Тамара од Велес, кој беше осуден на условна казна затвор за поседување оружје по признанието на вина.

Љупчо Стојановски со одлуката на второстепениот суд е осуден на ефективна казна затвор од една година.

На 11-ти јули се закажани завршните зборови за второто кривично дело „обид за убиство“.

Стојановски на 1-ви јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. Тој се товареше за две кривични дела – обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.