Затекнатиот долг од околу 175 милиони денари, за една година го намали на околу 90 милиони денари, односно долгот кон 156 фирми сега е сведен на долг кон 30 фирми. На почетокот од 2020 година, ова претпријатие имаше побарувања од околу 100 милиони денари, а на почетокот од годинава има побарувања од околу 128 милиони денари.

Објавил: Сара Фемина | 24 јануари, 2021 14:25

ЕДНА ГОДИНА ПОД ГРАД СКОПЈЕ – ДРИСЛА СТАНУВА СОВРЕМЕНА ДЕПОНИЈА

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

После долго време на некомпетентност и негрижа во работењето, за само една година откако Дрисла се врати во надлежност на Град Скопје, ова јавно претпријатие прерасна во санитарна депонија која применува современи технологии за управување со отпадот, а целокупниот нејзин економски потенцијал е ставен исклучиво во служба на граѓаните.

Во релативно краток период и во кризна година поради пандемијата од Ковид-19, ЈП Дрисла успешно се справи со предизвиците и приоритено ја консолидираше финансиската состојба на депонијата.

ЕДНА ГОДИНА ПОД ГРАД СКОПЈЕ – ДРИСЛА СТАНУВА СОВРЕМЕНА ДЕПОНИЈА!

Затекнатиот долг од околу 175 милиони денари, за една година го намали на околу 90 милиони денари, односно долгот кон 156 фирми сега е сведен на долг кон 30 фирми. На почетокот од 2020 година, ова претпријатие имаше побарувања од околу 100 милиони денари, а на почетокот од годинава има побарувања од околу 128 милиони денари.

Откако ЈП Дрисла е повторно во надлежност на Градот набави нов стерилизатор за третман на медицински отпад од познатата италијанска марка ЦИСА, што е иновативен систем целосно автоматизиран со висока технологија и квалитет. Со набавката на стерилизаторот се стави крај на неодговорното и несовесно постапување со медицински отпад, односно несоодветната обработка на медицинскиот отпад, којшто потоа завршуваше на Дрисла како обичен отпад, што претставуваше потенцијална опасност за животната средина и за здравјето на луѓето.

Новиот стерилизатор е со капацитет од 2 000 литри и може за еден час да третира 350 килограми отпад што ги задоволува дневните потреби на депонијата. Системот за третман на медицински отпад е опремен со шредер што го намалува до 80% неговиот волумен, со сува вакуум пумпа што придонесува за заштеда на потрошувачката на вода и до 98%, како и систем за заштеда на енергија кој истовремено обезбедува и еколошка безбедност и не дозволува воздухот што го испушта стерилизаторот да ја загадува околината.

За една година, градежните машини со кои располага и кои се во сопственост на претпријатието се комплетно сервисирани во сервисот на претпријатието и се повторно вратени во употреба за тековно извршување на активностите во депонијата, а со самото тоа се заштедени големи финансиски средства кои претходно се користеа за изнајмување на машини. Претходно, овие градежни машини неколку години не се употребуваа поради големи дефекти и претпријатието работеше со изнајмени машини.

Старите и дотраени теренски возила се заменети со нови 3 теренски возила, неопходни за непречено движење по пристапните патишта до депонијата кои се тешко проодни со лесни моторни возила. По десет години комплетно се отворени и дренажните канали околу целата депонија.

За редовно мерење на амбиенталниот воздух, а со цел намалување на трошоците на изнајмување на мерна станица, набавена е нова мерна станица за амбиенталниот воздух со автоматско ажурирање на податоците на една минута, а продолжена е и важноста на А – интегрираната дозвола.

Воведен е нов софтвер за дигитализација на деловните процеси и на процесите за третман на отпадот на депонијата согласно со европските стандарди. Поставен е нов систем за видеонадзор, со што целата површина на депонијата е комплетно покриена со камери, со што се овозможува целосен мониторинг на функционирањето на претпријатието. Пуштено е и улично осветлување на целата површина на депонијата, со што се овозможува непречено извршување на работните задачи на вработените во трета смена.

После 9 изгубени години, со повторното преземање на депонијата Дрисла од Град Скопје е решен долгогодишен комунален проблем на граѓаните. За една година, ЈП Дрисла стана современа депонија согласно со европските стандарди, а нејзиниот развој и модернизација со несмален интензитет ќе продолжат и во текот на оваа година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Друштвото во Стајковци било многу поголемо од приведените, но многумина успеале да избегаат во моментот кога полицијата влегла во објектот.

Приведени Миленко, Александар Пандов и Владимир Панчевски, пред полноќ биле во кафеана во Стајковци

Полицијата синоќа привела дваесетмина луѓе кои во кафеана во скопско Стајковци не...

Тој рече дека само со владеење на правото може да се спроведат реформите и во другите области, со цел рамноправност со развиените земји.

Премиерот Заев за случајот Таргет-Тврдина: Испратена е пораката дека системот функционира

„Треба да знаат граѓаните дека сме на добар пат во јакнењето на правниот систем“,...