- Не се сеќавам дека водостојот некогаш бил волку низок како последните години, тоа е трагедија. Малку подалеку, Висла изгледа како бара, вели пензионерот.

Објавил: Весна Петровска | 30 јули, 2019 13:46

ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ СЕ ПРЕТВОРА ВО ПУСТИНА: Водостојот многу низок, исчезнуваат реките и езерата

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Стариот рибар Тадеуш Норберчик (85) гледал како се Висла повлекла и го покажала своето исушено корито, што не е само знак на летните суши туку и симбол на сериозен недостаток на водат во Полска.

– Не се сеќавам дека водостојот некогаш бил волку низок како последните години, тоа е трагедија. Малку подалеку, Висла изгледа како бара, вели пензионерот.

Намален водостојот во Полска, надлежните воведоа мерки на штедење

Стотина реки во Полска сведени се на потоци, а езерата исчезнуваат, а се смета дека земјата од 38 милиони луѓе можат да искусат сериозен недостаток на вода.

– Статистиката дека Полска има 1.600 кубни метри вода по население, што е трипати помалку од европскиот просек. Нашите извори на водата споредливи се со Египет, стои неодамна во објавениот извештај „ Полска“, европска пустина, државна ревизија која се занимава со таа тематика.

По податоците на Еурстат, европскиот просек е 4.500 кубика вода по население. Полска, сместена во подрачјето помеѓу океанските и континенталните климатски зони, никогаш немало многу вода. Просекот на падините е помал откако подалеку на западот, а исправувањето е еднакво.

Како што тргнале климатските промени, па и честите суши, ситуацијата станала алармантна.

Дел од земјата која се протега од западот кон истокот на земјата полека се претвара во степ. Тоа предизвикува големи проблеми во земјоделството, но и во шумите и врз животот во природа.

 

Минатата година била многу сушна и количината на вода паднала на 1.100 м3 по население, за малку под прагот на безбедноста.

Се проценува дека и оваа година ќе биде слична ситуацијата. Надлежните предупредуваат дека во две третини од земјата нивото на подземната вода нема да биде доволна за цело лето. Повеќе од 320 општини веќе прогласиле мерки за штедење и забрането е полнење на базени, поливање на бавча или перење на автомобил. Казните се високи за оние кои не го почитуваат тоа

Некои делови на земјата веќе ја чуствуваат хидролошката суша која се случува кога водата не продира во длабоките слоеви на тлото и не се филтрира на пролет.

– Не се сеќавам на вистинска зима во која снегот останува подолго на земјата и полека се топи кој ќе се натапка, додава пензионерот.

Водостојот на Висла во Варшава моментално е околу 40 сантимерти, а некогаш имало и по 6 метри.

Во недостатокот на доволно бројни резервоари, Полска моментално задржува само 6,5 отство вода која поминува на нејзина територија. Ако споредиме во Шпанија се задржува само 9 отсто.

Владата затоа до 2027 година планира да изгради нови резервоари со кои ќе се удвои капацитетот на постоечките, а тоа би требало да чини 3,3 милијарди евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Владата пред само шест дена го прошири администрирањето на третата, бустер доза за лица над 40 години, шест месеци по целосната вакцинација, а денеска таа мерка дополнително ја прошири на сите лица над 18 години.

Франција ќе дава засилувачка доза од анти-ковид вакцината на сите лица над 18 години

Француските здравствени власти предложија проширување на аплицирањето на засилувачката...

Од полицијата наведуваат дека Петра Р.(31) е вработена во Здравствениот дом- Загреб, каде била задолжена да внесува податоци за вакцинација на лица во системот.

Уапсена медицинска сестра од Загреб, фалсификувала ковид сертификати

Медицинска сестра од Загреб е уапсена за издавање на фалсификувани ковид сертификати...

Најавено е дека од тој датум, Швајцарија ќе ги признае истополовите бракови склучени во други земји, кои досега ги третираше како граѓански партнерства.

Од 1 јули во Швајцарија ќе може да се склучуваат истополови бракови

Истополовите бракови во Швајцарија ќе може да се склучуваат од 1 јули следната година,...