Соработка

Објавил: Калина Мартинска | 8 јули, 2024 12:39

„Една точка за услуги“ и во Аеродром – Општината ќе добие канцеларија на Управата за водење матични книги

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски по состанокот со заменик-градоначалникот на Аеродром Дејан Митески најави отворање на нова Канцеларија за дигитални услуги „Една точка за услуги“ и за Управата за матични книги во општината.

– Нова канцеларија за „Една точка за услуги“ и за Управата за матични книги во Аеродром! Заедно со заменик градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денес разговаравме за отворање на подрачни канцеларии за матично и за услуги во Аеродром. Како што најавивме и претходно, Македонија ќе се дигитализира, со цел граѓаните со помош на еден клик, услугите да ги добијат брзо, ефикасно и квалитетно – објави министерот Андоновски на неговата Фејсбук страница.

Минатата седмица Андоновски на гостување во телевизиска емисија ги најави плановите и ја истакна визијата за целосна дигитализација на јавните услуги, подигнување на дигиталната писменост на граѓаните и деловните субјекти и целосно интегрирање на системот е-услуги.

– Нашите клучни интервенции ќе бидат во насока на забрзување на дигиталната трансформација во земјата, унапредување на инфраструктурата и технологиите за дигитализација со следење на динамиката на промени на светско ниво – нагласи неодамна Андоновски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.