приказната за тројцата кумови на вчерашниот масакр

Објавил: Македонка Димкин | 13 август, 2022 21:42

Едниот кум го загуби семејството, другиот животот, а третиот пукаше во масовниот убиец

Фото/Текст извор: ©Стандард

Црногорски Стандард ја пренесува приказната за тројцата кумови на вчерашниот масакр во Цетиње. Едниот го загуби семејството, другиот животот, а третиот пукаше во масовниот убиец.

Еден од нив е Милош Мартиновиќ. Неговиот газда Вук Бориловиќ му ја убил сопругата Наташа и нивните два сина на возраст од 8 и 11 години. Како што пишува Стандард, Наташа се степала со убиецот кој прво го убил едниот син, но таа не успеала да се одбрани, па тој ја убил неа и другиот син кој ручал на масата во кујната.

Некаде во тие моменти Мартиновиќ ѝ се јавил на сопругата. Таа не му одговорила, па тој се јавил на кумот Митар Митровиќ (37), барајќи од него веднаш да отиде во нивниот изнајмен стан и да провери што се случува.

Митровиќ тоа го направил без да каже збор.

Во меѓувреме, Мартиновиќ добил телефонски повик од убиецот, кој лично му кажал дека ги убил сопругата и синовите.

Митровиќ, кој неодамна се оженил и добил дете, панично го напуштил домот и загрижен за семејството на својот кум, ненаоружан заминал на местото на злосторството.

Како што пишува Стандард, не се грижел за предупредувањата, се надевал дека ќе стигне да ги спаси своите кумови.

Но, тој не добил шанса да се врати дома, многу брзо и самиот стана жртва.

Иако се стари познаници и семејни пријатели, Бориловиќ немал милост, штом се приближил до дворот од куќата пукал во него, оставајќи го мртов на лице место.

Третиот, Ненад Нено Калуѓеровиќ, е кум на Митровиќ. Стандард пишува дека тој го прекинал крвавиот поход, пукајќи во Бориловиќ и сигурно спасил уште некој човечки живот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Претседателот на клубот Атанас Мазнев вели дек овој напад не е случаен, бидејќи претходно им се откажувале договорите за закуп, а проблем имаат и со сегашниот објект.

Во Охрид се отвора ново бугарско здружение, во Благоевград оштетен Македонскиот културен центар

Македонските клубови во Бугарија повторно се мета на вандали. Овој пат од македонскиот...