Мафините се вкусни, одлично изгледаат, едноставни и брзи за подготовка.
Се прават со сирење или спанаќ, многу се вкусни, супер се за појадок или вечера. Одличен предлог за подготовка за вашите најблиски.
Состојки:
1 чаша пченкарно брашно
1 чаша брашно
1/2 чаша масло
1,5 чаша јогурт или млеко
1 лажичка сол
1 лажичка прашок за печиво
1 јајце
200 гр сирење
Начин на подготовка:
Измешајте ги сите состојки и ставете ја смесата во калап за мафини, претходно намачкан со маргарин и посипен со малку брашно, но само до 2/3 од калапите.
Мафините печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени 30 минути.
Послужете ги топли со кисела павлака, а можете да додадете и малку сечкано суво месо или зачинска билка во смесата, а ако ставите 2 јајца, ќе бидат помеки.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.