Сите хрватски државјани

Објавил: Калина Мартинска | 25 мај, 2024 21:01

Едно лице загина, а четворица се повредени – се урна мал спортски авион во околината на Загреб

Фото/Текст извор: ©360stepeni.mk

Мал спортски авион попладнево се урнал во шума во околина на Загреб, пренесува хрватски Индекс.

Според хрватската шумска служба за спасување, во несреќата едно лице загинало, а повредени се четворица патници. Во авионот имало пет лица.

Како што известуваат хрватските медиуми, полицијата добила дојава за авионската несреќа во 15 часот и 51 минути. На повредените им била пружена медицинска помош, а местото на несреќата е обезбедено, информираат од полициската управа во Загреб.

Според неофицијални информации, се работи за спортски авион „Цесна“ со унгарски регистерски таблички.

На терен веднаш биле испратени припадници на државната интервентна единица за цивилна заштита на Загреб, екипи на полицијата, како и екипи на Итна медицинска помош и пожарникари.

На местото на несреќата дошол и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој посочил дека повредените се згрижени и нивните животи не се во опасност.

„Сите лица се хрватски државјани“, рече Пленковиќ.

Со тоа, ги демантираше претходните информации дека се Унгарци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.