Швајцарската влада сака да може подобро да ја контролира имиграцијата. Така економистот Рајнер Ајхенбергер доаѓа со провокативно барање: Секој што сака да се насели во Швајцарија ќе мора да плати.

Објавил: Калина Мартинска | 6 октомври, 2024 18:00

Економист бара данок од 50.000 франци за сите кои сакаат да се преселат во Швајцарија

Фото/Текст извор: ©Blick.ch

Високото ниво на имиграција во Швајцарија ги посгрева умовите на луѓето. Транспортната инфраструктура е на граница. Становите се дефицитарни и стануваат се поскапи. И сите напори на владата да ја ограничи имиграцијата досега не вродија со плод.

Сега економистот Рајнер Ајхенбергер (63) поставува контроверзно барање во „SonntagsZeitung“:

Странците ќе треба да платат најмалку 50.000 франци ако сакаат да се преселат во Швајцарија. Имигрантите треба да можат да го плаќаат данокот во текот на неколку години, како што објаснува професорот на Универзитетот во Фрајбург заедно со дипломираниот асистент и политичар од ФДП Фабијан Кун (27) во една статија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.