Економијата во Република Македонија бележи пад за над 30% од проектираниот

Објавил: Перо Милчин | 3 ноември, 2018 10:08

Економијата со пад од 30%

Фото/Текст извор: ©ВМРО-ДПМНЕ

Економијата во Република Македонија бележи пад за над 30% од проектираниот. НБРМ го намали проектираниот раст на економијата од 3.2% на 2.3%.

Ова е уште еден доказ за лошите економски политики на Зоран Заев. Ова е доказ за неспособноста на СДСМ, Заев, Тевдовски, Анѓушев и останатите во владата.

Економското црно трио Заев-Тевдовски-Анѓушев се класични гробари на македонската економија за жал. Немањето капацитет и економски план за раст, односно, негрижата за бизнис секторот и за и така кревката економија, а единствено грижа за нивните лични бизниси и лични сметки ја доведе економијата на нашата држава до тука. 

Ветуваа 5, 6 и 7% раст, а веќе две години економијата тоне секојдневно.

Почитуваната Гувернерка на НБРМ образложувајќи го извештајот за макроекономските проекции за  период од 2018 – 2021 потенцира дека и така минималниот раст кој можеби ќе биде возможен до крајот на годината е благодарение на извозот од фирмите и инвестициите во слободните економски зони.

Дополнително нивото на раст е катастрофално ниско и од ниското ниво на реализација на капиталните инвестиции кои за 3/4 од годината изнесуваат само 1/4 од годишно предвидените, ова е жално.

Ситуацијата на сите им е јасно колку е лоша ако се земе предвид дека оваа влада сем задолжувања, ништо друго всушност не знае да работи. Неосновано и без потреба јавниот долг од почетокот на годината до септември е зголемен за скоро 400 милиони евра.

И покрај огромното задолжување, нема ниту раст ниту инвестиции. Никој не знае на што се потрошени близу 400 милиони евра нето задолжувања, во време кога проектираниот раст на економијата изнесува 2.3%. Каде ли завршиле милионите со кои што не задолжи оваа власт?

Не смееме да дозволиме оваа економска катастрофа да продолжи. Доколку оваа темпо на задолжување без покритие и понатака се применува сериозно ќе се доведе во прашање способноста на економијата за сервисирање на долгот кој што веќе го имаме, а државата може да стане неликвидна и се стремиме кон тоа за жал.

Граѓаните тонат во сиромаштија и се повеќе се зголемува бројката на сиромашни во Република Македонија.

СДСМ мора да си замине. Што порано, толку подобро за економијата и граѓаните. Истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.