Од кога исчезна моето синче Пино мене Ангела ме пријави во полиција, за да не можам јас повеќе ни да и се јавувам, ни да ја прашувам да морам да бидам на некоја дистанца.

Објавил: Перо Милчин | 24 јуни, 2019 19:08

ЕКСКЛУЗИВНА ИСПОВЕСТ НА МАЈКАТА ОД ПИНО 2 ДЕЛ: “Ни ги уништија животите на целото семејство”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Ангела дури 6 пати давала различни изјави во полиција, таа е девојка без морал и чувства раскажува за нашиот портал Магазин, мајката од убиеното момче Пино.

Денеска го продолживме нашиот разговор со Маја Трпковска, мајката од убиеното момче Пино. Во овој дел од нашиот разговор таа откри ексклузивно за Магазин дека неколку години од својот живот семејството го поминало во Романија.

Во Романија Пино го завршил основното училиште и првата година од гимназиските денови. Таму ја запознал својата прва љубов, и кога се преселиле назад за Италија многу му било тешко. Маја откри детали за убиството на Пино, а исто така и тоа дека осомничената Ангела Ѓорѓиевска давала дури 6 пати различен исказ во полиција.

На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело “убиство“

Веднаш после исчезнувањето на Пино, во полиција ве пријави осомничената Ангела Ѓоргиевска? 

Да, веднаш од кога исчезна моето синче Пино, мене Ангела ме пријави во полиција, за да не можам јас повеќе ни да и се јавувам, ни да ја прашувам во врска со Пино. После третиот ден од кога исчезна мојот син, таа ме пријави без никаков морал и трошка срам, раскажува Маја Трпковска. Таа исто така бараше од мене, јас јавно да и се извинам.

Зборував со инспекторите во полиција, таа веќе има признаено дека учествувала во организацијата на убиството, но изјавила дека таа не пукала во Пино. Цело време ја лажеше полицијата, а и целото семејство на Пино. Имам пораки на месинџер каде што пишувала со другарите од Пино, каде што вели дека таа доброволно отишла на полиграф, а тоа секако дека не е вистина.

Велите дека ја раскажала целата вистина на полицијата, дали има сведоци за убиството?

Ангела се признала во полицијата, исто така и местото каде што е убиен. Таа признала дека Али Фуркан пукал и дека ова го направила од одмазда. 

Да го убиеја и да го оставеа на лице место ќе го најдевме одма неговото тело, а не да закопам само четири коски, раскажува Маја.

Ангела 1 месец била и на пракса за работа, сакала да работи во едно онлине казино.

Маја вели каков монструм човек треба да биде, да сокрие човечко тело и 6 месеци да живее нормален живот.

Човек не сакајќи мачка ќе удри или куче, па ќе не може да спие, совеста го мачи, а не човек да убиеш и да живееш мирен живот. Ова е страшно. Да беше таа некој психопат, не ќе можеше ова убиство да го испланира, затоа што психопатите кога тогаш се издаваат. А таа 15 дена пред да биде уапсена, бараше јас јавно да сум се извинила, затоа што сум плукала по нејзе. За љубомора не се зема човечки живот така лесно. Ќе го родиш како мал, ќе го учиш да биде културен, да слуша и почитува и на крај некој монструм ќе ти го убие. 

Дали можете да ни раскажете дел од детството на Пино? Каков беше Пино како дете?

Пино заедно со неговиот помал брат и мајката од Пино, Маја Трпковска.

Тој беше многу весел и секогаш позитивен. Пино имаше многу интересен акцент кога говореше македонски и девојчињата најмногу го сакаа поради тоа.

Пино е роден во Италија, тој е Италијанец. Сопругот ми е Италијанец, во Македонија сега работи како инженер на автопатите. Моментално работи на автопатот што го прават спрема Бугарија. Исто така и Пино работеше со него, само што Пино беше преведувач и логистика, а сопругот е инженер. Најомилени му беа гумените бомбони и пиеше премногу Пепси. 

Пино збореше Македонски, Англиски, Романски и Италијански. Поради работата на сопругот ние живеевме 8 години во Румунија. Пино заврши осмо одделение во Романско училиште и прва година средно училиште. После тоа заедно со целото семејство се вративме во Италија.  Сопругот после тоа почна да работи низ светот, а ние останавме во Италија. 

Дали знаете кога ќе биде погребот на вашето дете?

Се уште не знаеме, но сигурно ќе биде во Италија. Утре јавниот обвинител треба да ми соопшти кога ќе ми го предадат телото на Пино, па после мора да се организира заедно со амбасадата, неговите посмртни остатоци да ги пренесеме за Италија. Ми го упропастија животот мене, на мојот сопруг и на мојот друг син. Целото семејство е скршено од болка.

Другарите на Пино се во депресија, но тие цело време ми помагаат. Секогаш доаѓаат кај мене тука, седат ме посетуваат и од прв ден не ме оставија сама. Кога исчезна Пино одевме заедно да го бараме по улици по канали, што не направивме за да го пронајдеме,

Сега јас имам само четири коски од Пино. Нема ништо останато од телото на моето дете. Ја има само главата, рбетот, ребра нема, рацете, има само една нога, премногу ми е тешко завршува Маја Трпковска.

На 31.05.2019 година Единица за насилен криминал при СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против Ф. А. (27) и А. Ѓ. (22), двајцата од Скопје, за сторено кривично дело “убиство“ предвидено и казниво по член 123 од КЗ на РСM. Имено, се работи за убиство на Пинета Секондо, кој на 11.12.2018 година од страна на неговата мајка, бил пријавен за исчезнат во ПС при СВР Скопје.

На 29.04.2019 година во Единицата за известување и команда при СВР Скопје од страна на граѓанин пријавено е дека на место викано Башинец во атарот на с.Љуботен пронајден е човечки скелет покриен со камења.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.