Руските медиуми ја објавија снимката од послесните секунди од животот на Александар Захарченко, лидерот на проруската самопрогласената Доњецка Народна Република

Објавил: Мирко Бачиќ | 2 октомври, 2018 9:44

Ексклузивно видео: Kако беше ликвидиран лидерот на руските бунтовници

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Руските медиуми ја објавија снимката од последните секунди од животот на лидерот на самопрогласената Доњецка Народна Република, Александар Захарченко.

На снимката може да се види како тој со своето обезбедување пристигнува во кафулето “Сепар”.

Еден од припадниците на неговото обезбедување тргна да изврши проверка, по што лидерот на Доњецката Народна Република заедно со телохранителот влезе во кафулето.

Неколку секунди подоцна, дојде до експлозија.

Инаку, кога и да го посетел кафулето, Захарченко секогаш седел на една иста маса на која што стоел знак “резервирано”.

Захарченко беше убиен на 31-ви август во експлозијата во кафуле во центарот на украинскиот град Доњецк, а уште три лица поминаа со потешки повреди.

Од силната експлозија лидерот на руските бунтовници добил тешки повреди на главата, а постои сомнение дека бомбата била сокриена под една од светилките.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести