Мајката на Пино смогна сили и ни откри какво е чувството за изгубеното синче и како ги поминува деновите од кога Пино, повеќе не е на овој свет.

Објавил: Сара Фемина | 20 јуни, 2019 18:10

ЕКСКЛУЗИВНО ЗА МАГАЗИН: МАЈКАТА ОД ПИНО ОТКРИ НОВИ ДЕТАЛИ ЗА УБИСТВОТО НА ПИНО И АНГЕЛА !

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Во ексклузивен разговор само за Магазин, мајката од убиеното момче Пино, откри до сега необјавени детали за животот на Пино, неговото детство, моментите кога биле среќни со семејството како и детали за убиството и обвинетата, Ангела Ѓорѓиевска.

Нашиот сентиментален разговор со Маја Трпковска го започнавме со спомените за Пино, моментите на неговото детство, школувањето и среќните денови, како и за тоа каква врска Пино имаше со обвинетата за неговото убиство, Ангела Ѓорѓиевска.

Неговата мајка со тажен глас, ни ја отвори душата за  магазин и откри какво е чувството за изгубеното синче и како ги поминува деновите од кога Пино, повеќе не е на овој свет. Болката е ненадминлива, почна со треперлив глас таа, а секој изминат ден без Пино боли, уште повеќе, спомените од нејзиниот син ја одржуваат во постојан живот, исто како и нејзиниот сопруг кој сеуште не може да ја прифати смртта на неговото дете.

Таа е свесна дека животот мора да продолжи понатака, но не знае како и нај кој начин ќе ја надомести тагата за изгубеното дете, но едно е јасно мора да се живее со болката, бидејќи тоа му го должи на вториот син кој и е најголема гордост. 

Прекрасните родители на убиеното момче Пино. Маја Трпковска и нејзиниот сопруг, кој е вработен како инженер во реномирана фирма во Македонија.

Вие упативте порака до родителите на обвинетите, дали сакате да кажете дека тие воопшто не беа заинтересирани за ова монструзно дело за кое се обвинети нивните деца?

Да ви кажам искрено, не знам дали се незаинтересирани или пак ги тишти срамот од нивните деца, и притоа  не знаат и тие како да реагираат. Не знам што да ви кажам, знам само дека само татко му на Али Фуркан е многу чесен човек земјоделец, работел во општина, а сега е во пензија. А додека пак Ангела потекнува од НЕ домаќинска куќа. Тоа сум го слушнала од  луѓе кои ги познаваат.

Дали вашиот син беше заедно со Ангела и каква врска имаа тие пред да се случи убиството?

Тој не беше со неа, меѓутоа Пино ја знае преку негов другар кој и беше дечко на Ангела. Ангела беше девојка на другар од Пино. Мојот син уште кога беше во врска со едно девојче што го имаше порано, Ангела почнала да му се удвара. Сега зборуваме за пред 4 или 5 години не е ова од сега, не дефинитивно Ангела не ми беше девојка. Пино од месец октомври почна да си излегува со друго девојче многу фино, таа учи медицинска сестра, на факултет тука во Скопје, цимерка на другар од Пино. Така ја запозна. И уште тогаш мојот син почна да ја избегнува Ангела, но таа се надевала дека ќе биде богата снаа „Италијанка„.

Ангела доаѓала кај нас овде во куќава, одела по собите горе од радозналост,  раскажува со вознемирен глас мајката од Пино. Последната девојката на Пино , ми рече “Тетка Мајо кога ќе дојдевме кај вас овде во куќава дали на кафе или скара, Ангела се шеташе по собите и се сликаше со автомобилите”, уште тогаш таа имаше намера да влезе во нашата фамилија. Но Пино не беше заинтерсиран за неа.

Вечерта пред да дојдат Пино и девојката кај нас на гости во Италија, , истата вечер пред да  тргнат за Италија, се собрале сите дома да пијат кафе. Тогаш Ангела била со нејзиниот дечко и Пино со неговата девојка. Во тој момент кога пиеле кафе,  Ангела во присуство на нејзиниот дечко и рекла на девојката од Пино, колку тоа таа би сакала да биде еден ден, на нејзиното место.

Пино во среќните денови заедно со неговата мајка и родениот брат кој моментално живее и работи во Италија.

Што мислите зошто го има смислено ова монстроузно убиство? 

Од љубомора, ова го има направено за да му се одмазди. Таа му пишуваше нон стоп. Пред да биде Пино убиен на 21 октомври јас ги читав пораките. Ангела му рекла дека ќе има собир со коли, бидејќи Пино сакаше многу коли и го прашала дали ќе одат заедно. Тогаш Пино и одговорил на Ангела дека нема пари, но тоа тој го рече бидејќи му беше срам со неа да излегува.

Пино беше на собирот, ја имам благодарницата, ја најдов во кола и по се изгледа  таа тогаш дознала за тоа дека Пино бил исто така на собирот и се налутила дополнително.

На 22 октомври на Пино му беше роденден, наполни 26 години. Пино тогаш славеше роденден дома овде, сите беа собрани кај нас. Ангела не беше поканета на роденденот. Вечерта на полноќ еден негов другар му се јави на телефон и му рече на мојот син „ Се јави Ангела и ме праша за да ја однесеш некаде, требало да тепа една другарка„

Пино на тоа му одговори дека нема време. Тогаш Ангела збеснала, и најверојатно тоа ја прели чашата и помисли на убиство. 

Еден ден пред Пино да исчезне таа го малтретирала цел ден со тоа “дојди дојди имам изненадување за тебе”

И на крај Пино омекнал и  рекол дека после работа ќе дојде.

Маја Трпковска до нашата редакција достави до сега не објавена фотографија од првиот роденден на Пино во Италија.

Се се случило од љубомора и колку што ја запознав таа го има наседнато убиецот.

Вие успеавте да им влезете во трага на обвинетите побрзо и од полицијата, дали можеби имате некои информации каде се крие второ обвинетиот?

Јас не знам, полицијата  не ми кажува што и како прават. Тоа што не треба да се знае, не кажуваат. Инспекторите  кои беа задолжени за потрагата дури ми спуштаа слушалки . Немаше жива душа да прашам, незнаев каде да се обратам , имав впечаток дека сите  беа заминати по кафани. Катастрофа.

Зборував сега со инспекторот ми рече дека таа е многу попаметна од нас двајцата, за овие 6 месеци сите не направи будали, а сега изигрува невина.

ПРОДОЛЖУВА, не пропуштајте да ја дознаете вистината……

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Фрчкоска најави дека во текот на утрешниот ден ќе го достават барањето за укинување на мерката притвор.

Адвокатката на Јанева најави барање за укинување на притвор- ќе излезе ли Катица од затвор?

Ирена Фрчкоска, адвокатката на разрешената специјална јавна обвинителка Катица Јанева,...

И покрај забелешките на водителот Васко Попетревски дека јавно соопштените информации говорат оти Русковска освен исказот имала и други докази, Мицкоски не отстапи од тезата.

Нинџа со остра реакција: Мицкоски шири невистини и клевети за да ми го наруши угледот и честа

Александар Василевски – Нинџа, е еден од осудените за настаните на крвавиот четврток....

Тој нагласи дека очекуваат во следните ден-два владиниот тим да има можност да го разгледа, а до крајот на работнава недела можеби четврток или петок да има и повторна средба доколку одговара за владината страна за преговори.

Милошоски: Предлагаме методологија која ќе гарантира дека власта нема да донесе обвинител од типот на Русковска

Антонио Милошоски , пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека пред неколку денови примиле...

Според објавените податоци, во домашниот транспорт за македонските граѓани, најмногу се користи автомобилот а најмалку се користи железничкиот сообраќај.

Македонците најмногу патуваат со автомобил, а најмалку го користат железничкиот сообраќај

Податоците на Еуростат кои беа објавени на почетокот на Европската недела на мобилност...