Екипата на магазин.мк на терен, на автопатот Тетово – Скопје, се случи катастрофална сообраќајна несреќа а избегнати се човечки жртви.
На делницата од автопатот Тетово – Скопје, по излезот од градот, екипата на магазин.мк евидентираше голема сообраќајна несреќа, која се случила помеѓу автомобил и камион.
Според она што можеше да се забележи, како екипите на Министерството за внатрешни работи само што започнаа да вршат увид на местото на настанот, најверојатно виновен во несреќата е возачот на камионот, иако детали за тоа сепак ќе покаже крајот на истрагата.
Среќна околност, и покрај ужасната состојба на возилото, е тоа што во сообраќајната несреќа нема жртви, но има потешко и полесно повредени за кои веќе интервенираше екипата на итната медицинска помош.
Имено делницата од автопатот Тетово – Скопје до сега била предмет на многу полемики, како многу возачи поради ширината и правиот пат не често ја прилагодуваат брзината со условите на патот.
Воедно замерка до сообраќајната полиција е што при увидот во несреќата, надвор од прописите, кои налагаат обележување најмалку 100 метра од местот на настанот, потфрлила во обезбедувањето на местото на несреќата, при што многу лесно може да се случи нов поголем инцидент.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.