Заев со поддршка со скопско Кале со уцени и "финансиски" понуди успеа да обезбеди 79 пратенички гласа за уставни измени, се бараат уште еден пратеник, по што би се гласало

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 октомври, 2018 16:55

Ексклузивно: Кои пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата би гласале “за”?!

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Во Собранието на Македонија е тензично, од СДСМ во објектот цел ден е присутен и премиерот Зоран Заев кој разговара лично со пратеници од ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата со цел да обезбеди 2/3 мнозинство за уставни измени.

Неофицијално, во Собранието е и амбасадорот на САД, Џес Бејли, кој е заедно со Талат Џафери.

Според информации од собранието, на Заев му недостигаат уште еден пратеник да обезбеди 2/3 поддршка за уставни измени.

Во моментот кога тоа ќе се случи, Џафери ќе свика продолжение на седницата за уставни измени, ќе констатира дека пријавените дискутанти се повлекуваат и веднаш ќе прејде на гласање.

До моментов, потенцијални поддржувачи на уставните измени се пратениците од ВМРО – ДПМНЕ, Емилија Александрова, братучетка на Сашо Мијалков, Нола Исмајлоска Старова, како и пратениците Сашо Василевски и Љубен Арнаудов.

Од коалиционите партнери на ВМРО – ДПМНЕ за уставни измени се очекува позитивно да се изјасната, Владанка Авировиќ од Социјалистичката Партија, како и Зеќир Рамчиловиќ претставник на бошњаците.

Пратеникот на ГРОМ, Панчо Минов според извори од собранието, исто така ветил поддршака за уставните измени, за замена бара ослободување на неговиот претседател Стефчо Јакимовски.

Со ова Заев има обезбедено 79 од потребните 80 пратенички гласови.

Неофицијално западните дипломати вршат отворен притисок да се обезбедат уште еден пратеник во поддршка и Собранието на Македонија уште денес да ги гласа уставните измени, сметајќи дека ако се одложи расправата, пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и коалиционите партнери можно е да се премислат.

*Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Актуелно

Експерти од областа на безбедноста се едногласни во констатациите дека бегството на Груевски во конкретната ситуација е едноставно невозможно без знаење на Спасовски и Заев

Спасовски и Заев знаеле за Будимпешта

Речиси е едногласен ставот на експертите од областа на безбедноста, дека бегството...

Шефот на македонската дипломатија и државниот секретар, Димитров и Димовски оствариле средба со заменик амбасадорот на Унгарија, кој го поставил "вистинското" прашање

Димитров прими “дипломатско” кроше од Унгарија

По објавата на социјалните мрежи, лично од поранешниот премиер и актуелен пратеник,...

Бегството на Груевски доволна причина Јанева по одобрение на Кривичен суд да активира најмалку стотина барања за изрекување времена мерка притвор за случаите на СЈО

Спасовски и го отвори патот на Јанева за масовно приведување

Изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовси, дека нема вина кај органите...

Во правна држава за која знаеме дека е дотолку повеќе полициска, едноставно е невозможно првото име на "декадното режимско владеење" да не се знае каде е четири дена по ред

Бегството на Груевски, со “амин” на Заев и Спасовски?

Пред три години, во екот на политичката криза во Македонија, во јавноста провејува...