Денес, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, закажа консултации за формирање на новата Влада, Курир.рс дозна ексклузивно.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 јули, 2020 14:58

ЕКСКЛУЗИВНО КУРИР.РС: Вучиќ закажа консултации за формирање на нова влада- ЕВЕ СО КОГО ЌЕ СЕ СРЕТНЕ

Фото/Текст извор: ©kurir.rs магазин.мк

Како што открива Курир.рс, на разговор прво ќе дојдат малцинските партии, потоа СПАС, СПС и конечно СНС.

Денес, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, закажа консултации за формирање на новата Влада, дознава курир.рс ексклузивно.

Како што беше планирано, средбата со лидерот на СД „Санџак“, е закажана за во вторник во 9 часот, а веднаш потоа, во 10 часот, претседателот ќе се сретне со претставници на албанската демократска алтернатива.

За среда е закажана средба со лидерот на Партијата за правда и помирување, Муамер Зукорлиќ, а потоа истиот ден со лидерот на СВМ, Иштван Пастор.

Во петок, 17 јули, во девет часот, ќе се одржат консултации со лидерот на Српската патриотска алијанса, Александар Шапиќ, а во понеделник на 20 јули со шефот на социјалистите – Ивица Дачиќ.

Консултациите со СНС се планирани и за вторник, 21 јули, во 9 часот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија

Досега Приштина разменуваше информации со Европол преку мисијата ЕУЛЕКС, така што овој договор е уште еден прст во окото на Белград од администрацијата во Брисел.

ЕУ ВО ЧЕТВРТОК ПЛАНИРА УЛТИМАТУМ ЗА СРБИЈА: Признавање на Косово и членство во ООН!

Преставниците на администрацијата во Брисел во четврток практично ќе и стават на маса...

Лончар истакна дека здравствениот систем има доволно медицински персонал, без оглед на обемот на работа на болниците и замореноста на вработените.

ЛОНЧАР: 550 здравствени работници во Србија се заразени со корона, од кои 50 се во болница

Министерот за здравство, Златибор Лончар, соопшти денеска дека 550 здравствени работници...