Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 мај, 2020 17:04

ЕКСКЛУЗИВНО: МВР отвора истраги за носители на јавни функции, министерот Чулев гостин во ТВ21 (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©ТВ21

Министерството за внатрешни работи отвора неколку истраги во кои инволвирани се и носители на јавни функции, ова ексклузивно за ТВ21 го потврди министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

„Ние веќе имаме отворено сериозни истраги, во областа на организираниот криминал и во областа на корупцијата. Ќе излеземе во наредниот период и со пресови преку кои ќе ја информираме јавноста, а тоа не го направивме претходно поради корона вирусот“, изјави Наќе Чулев во емисијата „10 минути“ на ТВ21, што ќе се емитува вечерва.

Од 22 март, кога беше воведена, до денес вкупно 4 783 граѓани ја прекршиле забраната за движење, од кои 3 110 се приведени и поднесени се 2 630 кривични пријави за 3 137 дела против 3 412 сторители, информира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев соопштувајќи ја статистиката за почитувањето на полицискиот час во изминатите речиси три месеци, по вчерашната одлука на Владата за негово укинување.

Најголем дел од случаите се на подрачјето на Скопје и Битола, а нај дисциплинирани биле жителите на Велес и Куманово.
Сто шеесет и девет лица добиле кривични пријави за непочитување на мерките за изолација и самоизолација, а досега се казнети 1 973 лица за неносење лична заштита.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во изминатиот период постапувал по 57 настани за говор на омраза поврзани со ковид-19 и по оваа основа до ОЈО се поднесени 33 известувања и две кривични пријави.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Портпаролот на Град Скопје, Ваљон Салиху денеска одржаа прес-конференција и ги објасни деталите за распишаниот повик за субвенции на инвертер клима уреди!

РАСПИШАН ЈАВНИОТ ПОВИК ЗА СУБВЕНЦИИ НА ИНВЕРТЕРИ (АПЛИЦИРАЊЕТО ЗА СУБВЕНЦИИ СЕ ВРШИ САМО ОНЛАЈН)

Град Скопје вчера го распиша јавниот повик за субвенции на инвертер клима уреди за...

Станува збор за опомена пред поднесување на тужба за клевета. Според закон, мора првин да се испрати опомена, пред да се поднесе тужба. Мене не ми е јасно според мене е недозволиво, обвинител, па сега и судија да се ставаат во предизвоборна политичка кампања.

Рускоска за ТВ21: Испратив опомена пред тужба до ВМРО-ДПМНЕ

Обвинителката Вилма Рускоска до партијата ВМРО-ДПМНЕ испратила опомена бидејќи таа...

Тој вели дека народот не ја дозна вистината, затоа што сето тоа било едно големо сценарио, една голема лага, само за Заев да ја претстави власта како монструозна и брутална за да ги добие гласовите од граѓаните и потоа да и направи на Македонија сето она што и го направи. Продавање на идентитет, име, економски колапс и што уште не.

Јакимовски: Убиствата на Младенов, Нешковски, Смилковско беа големо сценарио на Заев за добивање гласови, граѓаните беа излажани, а вистината не ја дознаа

Зошто и ден денеска не се расчистуваат убиството на Никола Младенов и на Мартин Нешковски,...

Во својот говор вчера, лидерот на ДУИ Али Ахмети се осврна на дејноста на македонскиот револуционер Гоце Делчев и кажа дека треба да се следи неговиот пример, бидејќи тој соработувал со албански патриоти и заедно работеле со Македонците, за да ги решаваат проблемите на младите

Ахмети: Следете го примерот на Гоце Делчев- тој соработуваше со албанските револуционери!

На вчерашната трибина во Скопје, албанската партија ДУИ продолжи да ја промовира својата...