
Македонија
Скандал
Дудинка (Миленко Неделковски) од свои извори блиски до совесниот и загрижен граѓанин што ги доставил снимките до Антонио Милошоски ДОЗНАВА:
Снимката, чија автентичност штотуку ја признаа и од СДС, е направена минатата година во перидот мај/јуни 2019-та во просториите на владата на состанок на кој присуствувале Зоран Заев, Цветан Панделевски и Зоран Милевски Кичевскиот.
Кој од овие тројца снимал знае Дудинка и ќе објави доколку СДС и Зоран Заев не го признаат овој состанок, ниту пак ја признаат темата на состанокот.
Исто така СДС, Зоран Заев и владата треба да објаснат што барал Кичевскиот во владата кога толку упорно тврдат дека никогаш не бил таму?
Миленко Неделковски
Дудинка
23.02.20 – 13.00 ч.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски денеска излезе на прес-конференција на која пушти аудио снимка за која тврди дека Зоран Заев додека бил на чело на Владата се мешал во одлуките на судската власт.
Одговорајќи на новинарско прашање дали е свесен дека со нелегално стекнати материјали може да има против него кривична постапка или да биде притворен, рече дека ако некој треба да биде приведен тоа е единствено Заев.
– Јас сум свесен дека господинот Заев и неговата фамилија се прилично влијателни и во обвинителството и во политиката и во државата, и дека наредувале во минатото кој треба или не треба да биде притворен. Но, после еден ваков објавен материјал ако некој треба да биде приведен или во најмала рака повикан на распит тоа е господинот Заев, истакна Милошоски.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.