
Македонија
Трагедија
Триесет и осумгодишна дипломатка во ОН во новогодишната ноќ била пронајдена мртва во нејзиниот стан на Менхетн во Њујорк, јави ТВ Фокс њуз.
Дипломатка од македонската мисија во ОН синоќа била пронајдена мртва во нејзиниот стан во Менхетн во Њујорк, потврдија од Министерството за надворешни работи.
Од Постојаната мисија на Република Северна Македонија при ОН во Њујорк пристигна жална вест која нѐ потресе сите, за трагично загубен животот на член на нашата мисија, дипломат од кариера во Министерството за надворешни работи. Во оваа прилика сакаме да изразиме длабоко сочувство до семејство и најблиските, и во име на сите колеги од Министерството за надворешни работи кои изгубија близок пријател и долгогодишен вреден и посветен претставник на дипломатијата“, соопштија од МНР.

Полицијата ја пронашла дипломатката со ремен околу вратот и две испразнети шишенца со антидепресиви. Најверојатно веќе подолго време страдала од депресија!
Немало никакви знаци на насилство, соопшти полицијата.
„Тука живееше две години“, изјави Хернан Авила, домарот во зградата. „Сите сме изнендени, беше симпатична и многу добра личност“, вели домарот.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.