Можно е убиецот да го напишал писмото. Од каде да знаеме ние! Како воопшто Н.Н лицето напишало писмо?

Објавил: admin@magazin | 7 ноември, 2019 19:38

ЕКСКЛУЗИВНО: Се огласи Марјановиќ за обвинението дека неговата мајка го нарачала убиството: ЕДВАЈ ЈА ВРАТИВМЕ ВО ЖИВОТ

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Зоран Марјановиќ кој е обвинет дека на 2 април 2016 година ја убил сопругата Јелена Марјановиќ, за Курир.рс изјави дека е шокиран од анонимното писмо кое пристигнало во Вишиот суд во Белград, во кое се пишува дека неговата мајка го нарачала убиството на Јелена.

Во писмото е наведен и бизнисменот Драгој Милинковиќ од Прибој, кој наводно ја посетувал мајката од Зоран Марјановиќ.

Можно е убиецот да го напишал писмото. Од каде да знаеме ние! Како воопшто Н.Н лицето напишало писмо? Ќе поднесеме тужба против таа непозната особа, затоа што мојата мајка доживеа голем стрес и едвај ja повративме во живот, изјави Марјановиќ за Курир.рс. Зоран вели дека здраствената состојба на неговата мајка дополнително се влошила поради анонимното писмо кое пристигна во судот.

Во анонимното писмо е наведен и бизнисменот Драгој Милинковиќ од Прибој, кој наводно ја посетувал мајката од Зоран Марјановиќ.

Моментално планираме да ја одведеме кај невролог, затоа што почна да не распознава луѓето. Ја сум тотално сум збунет. Тој додава дека на наредното судење покрај сведоците ќе се појави и неговата мајка, но сега е доведено прашањето дали таа ќе биде способна за такво нешто.

Драгоје Милинковиќ од Прибој, кој беше идентификуван како убиец на пејачката Јелена Марјановиќ во анонимно писмо доставено до Високиот суд во Белград, денеска беше уапсен по наредба на Основниот суд Прибој.

Се дознава дека тој бил уапсен за кривично дело измама, т.е. поради правосилна пресуда за случајот 2015 година – кога тој беше осуден за измама на три лица за 16.500 евра, јавуваат медиумите.

Милинковиќ, наводно денеска сакал да оди во полиција, на полиграф, поради обвиненијата дадени во спомнатото писмо.

Пред три дена во судот во Белград започна судењето за случајот со убиената пејачка Јелена Марјановиќ на втори април, 2016 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Србија


По овие најави веднаш почнаа градоначалници од редовите на Српската напредна партија да поднесуваат оставки. Тоа денес го направи и градоначалникот на Белград, Александар Шапиќ.

Тој најави дека формално се повлекува од таа функција, но дека посветено и посветено ќе го води Белград до денот на изборите и конечната проверка на довербата на граѓаните, соопшти градската управа.

„Штотуку поднесов формална оставка како градоначалник на град Белград, за да почнам да создавам законски услови за одржување на изборите, кои покрај парламентарните и покраинските избори би се одржале на 17 декември на белградско ниво“, изјави Шапиќ.

Овие најави доаѓаат по трагичните настани на северот на Косово, убиството на еден косовски полицаец и елиминацијата четворица луѓе од бунтовничката српска група. Јосип Јуратовиќ, шеф на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, во интервју за „Данас“ рече дека „прогласувањето ден на жалост за делата извршени од страна на паравоените структури од страна на Србите во Косово предизвика огромно згрозување не само во регионот, туку и во целиот свет. Дотолку повеќе што српските институции со прогласувањето на загинатите членови на паравоена организација ги поттикнуваат младите да направат сличен чин бидејќи тоа го гледаат како херојство. Овие убиени млади момци не се херои, туку жртви на неуспешните политики изградени врз лажни митови, кои триесет години ја прикажуваат Србија како недоверлив партнер“.

Тој оценува зошто дојде до оружената пресметка во селото Бањска.

„Очигледно е дека кој и да стои зад тој обид за неуспешен бунт на Србите во Косово, дека Вучиќ долгорочно ја создаде климата и беше само прашање кога ќе се случи нешто слично. Концентрацијата на моќ акумулирана од Александар Вучиќ дојде за наплата, бидејќи тој ја изгуби контролата врз целиот режим што самиот го создаде и стана жртва на сопствените амбиции“, вели Јосип Јуратовиќ.

Србија оди на избори на 17 декември

Шефот на комитетот за Западен Балкан на германскиот Бундестаг, Јосип Јуратовиќ, изјави...

Владата на Србија донесе одлука за ребаланс на буџетот за 2023 година. Со ова зголемување ќе се овозможи намалување на буџетскиот дефицит на 2,8 отсто, со цел зголемување на платите, пензиите и животниот стандард на граѓаните, јави дописникот на МИА од Белград.

Растат платите во Србија

Растат платите во Србија. Просечната плата во Србија во декември ќе изнесува 840 евра. Владата...

Администрацијата на манастирот тогаш донела одлука дека милоста веќе нема да се дава бидејќи манастирските резерви завршуваат. Лошата состојба во Русија можеби придонело за тоа, со помалку и помалку придонеси за самиот манастир.

ФОТОГРАФИЈАТА ОД СВЕТА ГОРА КРИЕ МИСТЕРИЈА: Ако ниту една жена не смее да се движи, тогаш која е таа – насликано ЧУДО во руски манастир

Фотографијата била направена на 3 септември 1903 година и била објавена од архивот на...