
Македонија
Трагедија
Секторот за внатрешни работи Скопје (СВР Скопје) синоќа пронајде гробница на Матка, дознава КУРИР.
Според првичните неофицијални информации, гробницата е пронајдена после полициската станица на патот кој води кон Козјак.

Засега има откриено едно тело во дупката, по што според нашите информации во секој момент на местото треба да пристигне и јавен обвинител, пред да се продолжи со копање.
Засега нема информации за идентитетот на жртвата. Очекуваме повеќе информации во текот на денот.
КУРИР дојде до ексклузивни фотографии од местото каде е пронајдена гробницата.
Најверојатно се работи за лице на возраст од 25 до 40 години и се претпоставува дека се работи за насилна смрт, но останува на Судската медицуина да ја открие причината за смрт.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.