Експерти од различни делови од светот секојдневно се обидуваат да најдат ефикасен лек и вакцина против вирусот а воедно ги проучуваат оздравените пациенти од болеста COVID-19 за да откријат како таа го напаѓа човечкото тело.

Објавил: Катерина Крстиќ | 27 август, 2020 16:50

Експерти од Израел открија знак кој покажува дека сте го „прележале“ коронавирусот!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Бројот на заболени од коронавирус во светот не се намалува а се поголем е и бројот на асимптоматски заболени пациенти од Ковид-19.

Експерти од различни делови од светот секојдневно се обидуваат да најдат ефикасен лек и вакцина против вирусот а воедно ги проучуваат оздравените пациенти од болеста COVID-19 за да откријат како таа го напаѓа човечкото тело.

Медицински експерти од Израел утврдија дека ова е најчестиот симптом што се јавува кај пациентите кои биле заразени со коронавирусот. Во извештајот направен од Пулмолошкиот институт при Медицинскиот центар „Шаре Зедек“ во Ерусалим кој беше објавен во неделата стои дека околу 50 отсто од пациентите кои боледувале од COVID-19 почувствувале општа слабост на телото по борбата со вирусот, без разлика дали имале полесна или потешка клиничка слика.

Во извештајот  од израелските експерти најмалкуполовина од оздравените пациенти имаат слабост и потешкотии со дишењето со недели, па и месеци по оздравувањето.

И пациентите со полесна клиничка слика може да имаат долготрајно оштетување на белите дробови, додека оние со потешка клиничка слика не мора нужно да имаат слични потешкотии, велат експертите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.