Експертската јавност загрижена за новиот заем од речиси милијарда евра

Објавил: Перо Милчин | 22 мај, 2022 19:57

Експертската јавност загрижена за новиот заем од речиси милијарда евра

Фото/Текст извор: ©telma

Пристигнаа првите реакции за ребалансот на буџетот. Од најголемиот синдикат во земјава обвинија дека со новото прекројување на државната каса, вработените во јавниот сектор нема да го добијат ветеното линеарно покачување од 2.806 денари. Бараат итна средба со Владата.

Потсетуваме дека во преговорите за нов Општ колективен договор за јавниот сектор беше прифатено дека линеарното зголемување на платите за најмалку 2.806 денари ќе се случи со ребалансот на буџетот, како што бевме убедувани од Владата, но за жал се покажува дека тоа било само купување на време и играње со судбината на 130.000 работници во државата, во време кога економската, енергетската криза и инфацијата ги јадат работничките плати“, се вели во соопштението.

Експертите пак фокусот го ставија на новата  милиијадра, која годинава ќе се позајмува. Велат  станува збор за сериозна сума која со години ќе се враќа. Стравуваат дека парите нема паметно да се искористат,  долгот ќе расте , а ефектото ќе биде краткорочен.

Се плашам дека со влегување во  овие долгови се плашам дека владата ќе добие комодитет и ќе продолжи со нивните трошења затоа што од една страна долгот ќе расте а ќе има и импакт врз инфлаторните параметри. Од една страна ќе има покачување на стапката на долгот над 60 отсто од јавниот долг што е многу тешко да се врати ќе ни требаат 7 до 8 години да ги враќаме овие пари,  од друга страна имате инфлација која треба да ја решите. Ќе биде многу тешко да се менаџира оваа криза, вели професорт Абил Бауш.

Со ребалансот 76 милиони евра се за нови мерки  за заштита на домаќинствата од  нови поскапувања.  Но, експертите предлагаат, укинатото  ДДВ, намалената акциза и  ограничената маржа  кои сега се применуваат,  да се заменат со други мерки.

Мерките да се вратата како порано да се тргнат, замрназите цени еве има шпекулации на пазарот,  акцизата да се врати како претходно. ДДВ да остане 5 отсто,  а за основните производи да остане исто на 0 или до 5, за останатите полуксузни средства 18 отсто, додава Бауш

Државава годинава планира да се задолжи за нови 900 милиони евра, но не се исклучува можноста долгот да надмине и една милијадра.  Парите ќе се бараат на домашниот пазар,  но и од меѓународните институции. Со ребалансот, трошењето  ќе се зголеми за над 200 милиони евра, но ќе се соберат и 100 милиони евра плус. Министерот Бесими кажа дека  повеќе пари ќе има за плати во образованието, пензии, но и за субевнции за минималецот. 

Расходите се проектирани на 4, 7 милијадри , а приходите  на 4 милијадри евра.  Растот годинава се очекува да биде 3, 2 проценти, а инфлацијата  да надмине 7 отсто од БДП.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Економија

Директорот на Царина и американската амбасадорка

Извонредни резултати на Царинската управа во сузбивање на криминалот и прибирање повисоки приходи во Буџетот – Средба Агелер Николовски

Извонредни резултати од страна на Царинската управа во изминатите осум месеци во делот...