Египетските безбедносни сили го потврдија нападот, посочувајќи дека меѓу жртвите им Египќани, како и државјани на Јужна Африка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 19 мај, 2019 18:21

Експлозија на автобус кај египетските пирамиди, повредени повеќе од 17 туристи!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Најмалку 17 лица, меѓу кои и странски туристи, се ранети денеска при експлозија на бомба крај туристички автобус во близина на египетски музеј, што се гради во реонот на познатите пирамиди во Гиза, Египет.

Египетските безбедносни сили го потврдија денешниот напад. Нападите врз египетските безбедносни сили и припадниците на христијанско малцинство зачестуваат во Египет по соборувањето од власта на претседателот – исламист Мохамед Морси во 2013 година.

– Експлозивна направа беше активирана покрај ѕидот на музејот, изјави за ДПА претставник на безбедносните сили, кој побарал анонимност.

Никој до сега не презеде одговорност за нападот, изведен со поставена експлозивна направа, која била активирана кога крај неа минувал автобус со странски туристи.

Ројтерс јавува дека меѓу повредените туристи има Јужноафриканци. Не се знае колку се повредени, и не се знае дали има од други националности меѓу повредените во денешната експлозија.

Засега нема информации за загинати. Сведокот Мохамед ел Мандух за Ројтерс изјави дека слушнал „силна експлозија“. Фотографиите објавени на социјалните мрежи прикажуваат автобус со искршени прозорци и парчиња на патот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Инциденти

Сириската воздушна одбрана се обиде да го одбие нападот на Израел во близина на Дамаск, објави Ројтерс.

ХОРОР ЛЕТ: Авион со 172 патници за малку срушен во Сирија – Принудно слета во руската база

Воздушната одбрана на Сирија скоро го погоди авионот Ербас 320 со 172 патници, кој веднаш...

- Светот сега е побезбедно место за живеење. Ние ќе продолжиме да ги заштитуваме американските граѓани со елиминација на терористите кои сакаат да ни наштетат “, рече Трамп.

Убиен водaчот на Ал Каеда: ТРАМП- Светот е сега посигурно место за живеење(ВИДЕО)

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските сили го убиле Касим...