Властите се сомневаат дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас од гасоводот.

Објавил: Сара Фемина | 5 септември, 2020 18:06

Експлозија на гас во џамија во Бангладеш: Убиени се 13 лица, едно дете и 30 повредени

Фото/Текст извор: ©магазин

Во експлозија на гас во џамија во Бангладеш загинаа 13 лица, меѓу кои и едно дете, а 30 беа повредени.

Официјалните лица сметаат дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас од гасоводот, како и дека бројот на жртви може да се зголеми, имајќи предвид дека многу од повредените се во критична состојба, пренесува Ројтерс.

Експлозијата се случи синоќа, во близина на џамија во областа Нарајангањ, недалеку од главниот град на Бангладеш, Дака.

Во несреќата се повредени 30 лица, а многу од нив имаат сериозни изгореници.

Властите се сомневаат дека експлозијата била предизвикана од истекување на гас од гасоводот.

Тие веруваат дека гасот се собрал во џамијата по истекувањето од цевката, додека прозорците биле затворени и дека експлозијата најверојатно се случила кога биле вклучени климатизерите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Туристички автобус со 65 патници минувал преку пругата на 80 километри источно од Бангкок, кога возот налетал.

ВОЗ УДРИ ВО АВТОБУС ПОЛН СО ТУРИСТИ : Најмалку 17 мртви во страотна несреќа во Бангкок(ФОТО, ВИДЕО)

Најмалку 17 лица загинаа рано утрово во судир на воз и автобус во централниот дел на...

Тоа беше лет за обука за идните пилоти и морнари за време на борбената обука. Авионот го управувал искусен пилот од 2-ра класа со 700 часа лет.

ВАКА ПАДНА АВИОНОТ ВО УКРАИНА: Погледнете што претходеше на несреќата во која животот го загубија 26 лица(ВИДЕО)

Авион АН-26 со 27 лица се урна во петокот вечерта, на 25 септември, во близина на Чугјево...