Со ваквиот однос од државната компанија не се регулира дали вработеното лице ја напуштило или не државата туку грубо се крши Законот за заштита на лични податоци

Објавил: Мартин Попоски | 24 август, 2018 12:21

ЕЛЕМ бара увид во патните исправи на вработените?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

АД ЕЛЕМ на големо ги крши правата за заштита на личните податоци на своите вработени?!

Државна компанија преку барање за достава на податоци на кое е потпишан директорот за правни и општи работи Ѓорѓи Михаилов од вработените се бараат патни исправи на увид.

Според она што е напишано во барањето тоа се прави со цел да се направи увид дали за време на боледувањето лицето имало излез од државата што според упатените го крши Законот за заштита на лични податоци. Барањето вакви податоци од компанија не е дозволливо бидејќи не се знае за какви цели тие можат да бидат употребени или злоупотребени.

Барањето на директорот за правни и општи работи на АД ЕЛЕМ Ѓорѓи Михаилов е јасно во своето незаконско барање патни исправи на увид од вработен.

“Како прво доколку некој е на боледување одговорен за тоа е лекарот кој го издал боледувањето. Со оглед на тоа дека матичниот лекар може да издаде боледување до 7 дена ако боледувањето е подолго пациентот мора боледувањето да го продолжи комисиски. Второ можеби некој ако е болен има потреба да се лекува надвор од државата што значи мора да има излез од неа. И како трето не ретко во Македонија ги нема неопходните лекови за хронично болните па се приморани да ги купуваат во Бугарија или Грција.” – велат упатените.

Според нив дискутабилно е ова барање на управата на ЕЛЕМ со оглед на тоа дека тие не можат да бараат вакви податоци затоа што не се ниту полиција ниту пак истражен орган.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести