Уставната судијка и поранешна претседателка на Уставен, Елена Гошева, со предлог да се стопираат иницијативите за оценка на уставноста на референдумот за промена на името

Објавил: Мартин Попоски | 16 септември, 2018 7:06

Елена Гошева: “Уставниот суд да ги стопира сите активности поврзани со референдумот”

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешната претседателка на Уставниот суд, судијката Елена Гошева предлага Уставниот суд да изрече времена мерка “стопирање на сите активности за одржување и спроведување на референдумот.”

Притоа Гошева е Уставен судија известител за иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за распишување референдум и таа во изготвениот реферат предлага Судот да поведе постапка.

Седницата на која ќе се разгледува оваа иницијатива е закажана за в среда.

До судот се стигнати две иницијативи, едната од Левица, а другата од Светски македонски конгрес.

Партијата Левица поднесе иницијатива во која смета дека распишувањето на референдумот е спротивно на Уставот. Според Левица, Одлуката за референдумот е противуставна и спротивна на Законот за референдум бидејќи, овој документ ги нема сите делови што треба да ги има, се работи за манипулативно и повеќезначно прашање и трето, дека референдумот се однесува и на сојузништвото со Европската унија што подлежи под други правила за одлучување.

Елена Гошева е поранешен, пензиониран член на Советот на јавни обвинители. Интересно за оваа судијка е тоа што студирала скоро една декада, а факултетот го завршила со просек 6.4.

Ова е спротивно на законот кој што предвидува, судијата да има најмалку магистратура и просек над 8.

Елена Гошева е мајка на претседателката на Пописната комисија, Слободанка Гиевска, воедно и поранешна потпретседателка на УМС на ВМРО – ДПМНЕ, која го поништи пописот кој што почна да се реализира во 2011 година и приота не објасни во чиј џеб завршија над 13 милони евра предвидени за пописот. 

По дипломирањето во 1975 се вработува како приправник во Окружното јавно обвинителство Скопје на која позиција работи по кривични пријави и предмети од прв и втор степен, се до 1977 година кога по положен правосуден испит работи како стучен соработник.

Во 1984 година е избрана за заменик на Општинскиот јавен обвинител во Скопје каде се до 1997 година работи по кривични пријави и предмети. Истите работни задачи ги извршува и во рамките на Основното Јавно Обвинителство како заменик на обвинителот се до 2002 година кога е избрана за заменик на Вишиот Јавен Обвинител во Скопје.

Во 2008 година од страна на јавните обвинители од подрачјето на Вишото Јавно Обвинителство Скопје е избрана за член за Советот на Јавните обвинители на Република Македонија.

Од страна на членовите на Советот на Јавните обвинители на Република е избрана за прв Претседател на оваа институција која функција ја вршеше до 2010 година. Во текот на мандатот како член на Советот на Јавните обвинители на Република Македонија до 2012 година константно работи на изборите и разрешувањето на јавни обвинители, утврдување на бројот на јавни обвинители во јавните обвинителства, прераспределба на јавните обвинители, изработка на план за организација на работата во јавните обвинителства и на јавните обвинители и други законски обврски.

За судија на Уставниот суд на Република Македонија е избрана во мај 2012 година а негов претседател била од 201з до 2016 година. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.