Живот
Убавина
Вчера во американската амбасада се славеше „Денот на независноста“.
На гала настанот присуствуваа бројни личности од политичкиот и јавниот живот, меѓу кои сопругите на нашите познати политичари.
Најмногу внимание привлече македонската прва дама, Елизабета Пендаровска која на настанот се појави во тренди фустан-кошула и чизмички до глужд, додека нејзиниот сопруг, Стево Пендаровски носеше патики, темни фармерки и кежуал палто.

За разлика од нашата прва дама, сопругата на премиерот Зоран Заев, Зорица Заева, се појави во елегантен црн фустан со интересен дезен во бела боја, а целото издание го зачини со црни салонки со отворени прсти.
Инаку, официјалниот моден кодекс на вакви официјални настани подразбира комплети со пристојна должина, и сакоа во комбинација со панталони и фустани (со должина до и под колена), пристојни блузи, маици, а се препорачува и рамениците да бидат покриени.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Убавина
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.