Македонија
Вести
Судскиот процес во кој обвинет е Шекерим Ахмеди, на социјалните мрежи познат како „Ел Чека“, конечно почна и речиси дојде до крајот, објави „Плусинфо“.
Денеска во судот во Кичево се одржа првото рочиште, откако претходно две беа одложени. Како што велат од судот за Плусинфо, и обвинителството и одбраната ги изнеле и презентирале доказите на денешната главна расправа, па останале само завршните зборови.
Било планирано и со нив да се заврши денеска, но на барање на адвокатот на Ел Чека за да може да се подготви, завршни зборови и тој и обвинителството ќе дадат на 21 октомври.
Потоа ќе остане само кичевскиот суд да ја соопшти пресудата.
Ел Чека се товари за кривичното дело неовластено прислушување и тонско снимање.
За потсетување, лицето кое што објавува нови „бомби“ преку профил на Фејсбук кое веќе стана добро познато во јавноста, како „Ел Чека“ е по потекло од кичевско.
„Бомбите“ ги објавува од Чикаго, САД, а тврди дека нелегалните прислушувани материјали му ги дале членови на т.н. Кумановска група, чии членови се осудени за настаните во Диво насеље, а сега се во затвор.
Симпатизер на УЧК и активист за правата на Албанците
Доколку се разгледа профилот на Фејсбук, „Ел Чека“, чиј број на „пријатели“ секојдневно расте, ќе се забележат и фотографии од припадници на УЧК, но и фотографии кои покажуваат дека е активист за правата на Албанците.
Сам си го откри ликот
Иако МВР соопшти дека им е познат неговиот идентитет, лицето продолжи со објавување на нови „бомби“, а за сега овој профил на Фејсбук успешно функционира, иако македонските институции соопштија дека е пријавен во централата на социјалната мрежа.
Објавувачот си го покажа и ликот, преку најразлични фотографии и секојдневни вклучувања во живо на профилот „Ел Чека“.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Вести
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.