Тој според проекциите освоил 58 отсто од гласовите, пренесува француски Le Figaro.

Објавил: Мате Парлоф | 25 април, 2022 5:43

Емануел Макрон е реизбран за претседател на Франција

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Емануел Макрон ја победи Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори во Франција и освои втор мандат.

Тој според проекциите освоил 58 отсто од гласовите, пренесува француски Le Figaro.

Според вообичаените точни проценки, Марин Ле Пен освоила 41,8 отсто од гласовите.

Тоа е разлика од 16 процентни поени за Емануел Макрон, повеќе од најголемата победничка разлика предвидена со која било од предизборните анкети.

Наскоро Емануел Макрон ќе им се обрати на своите поддржувачи на полињата на Марс, во подножјето на Ајфеловата кула!

Лидерката на „Националниот собир“, Марин Ле Пен се обрати до медиумите каде го призна поразот на претседателските избори од нејзиниот противкандидат Емануел Макрон.

Како причина за поразот ги гледа две недели нефер кампањи, но сепак нејзините резултати ги нарече еден вид победа.

Идеите што ги застапуваме достигнаа нов врв. Ќе го продолжам моето патување, ќе продолжам да им бидам посветена на Французите и Франција – рече таа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.