Агенцијата ќе ги информира сите здравствени работници како да ги детектираат знаците на згрутчување на крвта кај пациентите, а предупредувањата во упатството за „Астра Зенека“ ќе бидат актуализирани и ќе го содржат згрутчувањето на крвта како можна последица од оваа вакцина.

Објавил: Сара Фемина | 8 април, 2021 7:10

ЕМА: ДА СЕ ПРОДОЛЖИ СО ВАКЦИНАЦИЈА НА „АСТРА ЗЕНЕКА“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк/24 вести

Европската агенција за лекови (ЕМА) потврди дека постои поврзаност помеѓу вакцината на „Астра Зенека“ и згрутчувањето на крвта.

ЕМА меѓутоа смета дека оваа последица е многу ретка и бенефитите од вакцината и натаму се поголеми од ризиците. Експертите од Агенцијата семтаат дека мора да продолжи вакцинацијата со сите расположливи вакцини затоа што тие спречуваат тешка форма на болеста и хоспитализација.

Агенцијата ќе ги информира сите здравствени работници како да ги детектираат знаците на згрутчување на крвта кај пациентите, а предупредувањата во упатството за „Астра Зенека“ ќе бидат актуализирани и ќе го содржат згрутчувањето на крвта како можна последица од оваа вакцина.

По продлабочена студија комитетот за фармаковигилентност на ЕМА заклучи дека невообичаено згрутчување на крвта по вакцинирањето со АстраЗенека треба да биде вклучено како можен нус ефект, изјави Имер Кук, претседателка на Европската агенција за лекови.

За сега начинот на кој се случува оваа реакција не е јасен, една од можните причини е дека се случува имунолошка реакција слична на таа што се случува кај пациенти третирани со хепарин.

Ризикот од тромбоза по АстраЗенека може да се случи до две недели по вакцинирањето, а можни знаци се краток здив, тешкотии со дишење, болка во вратот, главоболка и заматен вид, меѓу другото.

Доктор Сабине Штраус од ЕМА повика вакцинираните лица да ги информираат брзо и детално здравствените работници за можни нус појави за да се помогне во натамошната анализа на оваа и другите вакцини.

– Лицата кои мислат дека преживуваат нус појава треба што е можно подетално да пријават, рече Штраус.

Во овој момент стапката на пријавување на нус ефекти е еден на 100 илјади во Германија, додека во Обединетото Кралство е околу еден на 600 илјади, што е можно објаснување и за тоа зошто помалку случаи на тромбоза се пријавени во оваа земја.

Многу зависи од тоа каков е системот на пријавување во секоја земја, и како се идентификуваат случаите, знаеме дека во Германија е направена огромна работа во овој дел, таму стапката е еден на сто илјади, додека во Обединетото Кралство стапката е многу пониска, додаде Штраус.

По оваа прес-конференција ЕМА ќе разговара со здравствените власти во сите земји од ЕУ за вакциналните стратегии, но секоја членка сама може да одлучи како понатаму ќе вакцинира со дозите на оваа компанија и дали смета дека треба да се ограничи вакцинацијата на одредени групи од населението.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Утринава бил сослушан и сопственикот на превозната фирма „Беса Транс“ и тој е достапен за македонските истражни органи, соопштија од македонското и од бугарското обвинителство. Дали за него ќе следува мерка притвор, ќе одлучува надлежниот јавен обвинител.

Соптвеникот на „Беса транс“ бил на распит, бугарското обвинителство најави расчистување на случајот

Државното јавно обвинителство денеска ги предаде на бугарското обвинителство материјалите...

Министерот за транспорт и врски, Бочварски откри и дека автобусот на Беса Транс користел извод од лиценца на друг автобус, а попладнево кажа дека ниту еден од возачите кои го управувале автобусот на „Беса Транс“ кој изгоре, не бил вработен во компанијата

ТРАГЕДИЈАТА СО „БЕСА ТРАНС“ ОТКРИВА И ГОЛЕМИ СИСТЕМСКИ ПРОПУСТИ ЗА ПРЕВОЗНИЦИТЕ ВО ДРЖАВА

Владата како најодговорна за изнаоѓање на фирма која ќе се грижи за софтверот за полагање...