Од семејството на Динева за нашиот портал порачаа дека и други треба да го следат нивниот пример!

Објавил: Стојче Бушин | 23 мај, 2020 13:17

Емилија Динева загина во трагична несреќа, нејзиното срце и бубрези спасија три животи!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Во Република Македонија минатата ноќ беше направена историска трансплантација на срце, која заврши успешно, а покрај хероите доктори и медицински сестри, најголема е жртвата на Емилија Динева.

Емилија Динева е жената чии органи, едно срце и два бубрези ќе го продолжат животот на тројца други луѓе.

Емилија Динева го загуби својот живот во трагична несреќа.

Од семејството на Динева за порталот читај.мк изјавија дека и други луѓе треба да го следат нивниот пример.

Во најтешките мигови тие се одлучиле дека најдобро е да се донираат здравите органи со цел да се спасат други човечки животи.

Ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар во Скопје се изведе првата трансплантација на срце во Република Македонија, која заврши со позитивен исход!

Проф. Д-р Николиќ и д-р Димче Славески од Аџибадем Систина дел од тимот што ја изведуваа првата трансплантација на срце во земјава!

Професор д-р Александар Николиќ кардиохирург од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и шефот на Одделот за анестезија д-р Димче Славески, специјалист по анестезиологија со реаниматологија од „Аџибадем Систина“ ќе беа дел од тимот доктори кардиохирурзи и анестезиолози кои ја правеа првата трансплантација на срце во земјава, која беше изведена ноќеска на Клиниката за кардиохирургија во државниот Клинички центар.

Проф-д-р Николиќ кој има 30 годишно искуство во оваа област, впрочем е и единствениот доктор кој работи во здравствена установа во земјата, а има зад себе искуство од вакви интервенции. Самиот бил дел од три тимови за трансплантации на срце.

Првата трансплантација на срце во земјава ја работеа мешан тим кардиохирурзи, врвни експерти од повеќе здравствени установи меѓу кои и проф. д-р Сашко Јовев од државната кардиохирургија и д-р Жан Митрев од „Жан Митрев Клиник“!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Светскиот ден на велосипедистите оваа година Град Скопје го дочека справувајќи се со предизвиците на светската пандемија на коронавирусот која го наметна велосипедот како најбезбедно превозно средство од аспект на превентивната заштита од Ковид-19.

ВЕЛОСИПЕДОТ СЕ УШТЕ НАЈМУДРА ОПЦИЈА ЗА ТРАНСПОРТ

Светскиот ден на велосипедистите оваа година Град Скопје го дочека справувајќи се...

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, е човек кој посветува многу внимание на неговата диета и на сопственото здравје.

БИДЕТЕ ЗДРАВИ КАКО ДРЕН: Откриено што појадува Новак Ѓоковиќ- сите можеме да го купиме!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, секој ден јаде суров целер. Најдобриот...

Пациентите се во добра и стабилна здравствена состојба. Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост. Горд сум на ова семејство, вели Филипче!

(ФОТО)Ова е прекрасното семејство на Емилија Динева кои дадоа живот на три семејства во Македонија!

Министерот за Здравство, Венко Филипче утрово се сретна со семејството на починатата...

Бескрајно сум благодарен и горд на моите колеги за нивниот успех, на семејството на Емилија за нивната големина, човечност и хуманост и на семејството Огненовски на довербата кон нашите лекари, се заблагодари Филипче!

ФИЛИПЧЕ: Срцето на Емилија Динева чука во градите на Иван Огненовски!

Ден полн со емоции за сите. За семејството Диневи кое пред неколку дена ја загуби својата...