Емотивен пост на Богоев за трагично починатиот Нешковски!

Објавил: Стојче Бушин | 16 октомври, 2020 7:54

Емотивен пост на Богоев за трагично починатиот Нешковски: Собрав сили некако, ќе фалиш ДРУГАР, ти беше човечиште!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Емотивен пост на Богоев за трагично починатиот Нешковски!

Собрав сили некако…За Трајко…
“U nama je sudbina budućih dana
I neki se možda i plaše za nju
Kroz vene nam protiče krv partizana
I znamo zašto smo tu
Računajte na nas…”
Зборови со мака вадам, а толку имам да кажам. Толку имам да кажам, а што и да кажам не е доволно да се опише што си ти, што си ми на мене и што сме поминале јас и ти!
Трајко не е само човечиште!

Трајко е начин и концепт на живот. Живот, исполнет со љубов, чесност, искреност, другарство, хуманост, лојалност и несебичност. Бесконечна несебичност!
Човек, кој кога е во мака те прашува како е со твоите проблеми.

Доктор, кој кога кашла те прашува како е твојата кашлица.
Другар, кој да може ќе полета на месечината за да ти помогне.
Брат, кој ти станува повеќе од семејство и ти е лојален со цело срце и душа.
Грижлив и несебичен бескрајно. До степен, да оставиш аманет на друг доктор колега со зборовите “Кога мене ќе ме нема, ти да му помагаш на брат ми Богац како доктор”. И кога помислувал на најлошото, аманетот му бил пак за помош на другиот, на блискиот!
Ваков човек втор на светот нема!!!

Малкумина знаат, но Трајко е “крив” за тоа што сум јас денес како човек и политичар.
Ме научи да помагам, ме научи да се борам!
Секогаш да се борам! Кога ќе наидевме на проблем и ќе го прашам што да правиме ќе каже: “Во Вардар и контра ако треба ќе пливаме”.
Трајко е првиот човек кој веруваше во мене и ми помогна да станам претседател на СДММ.
И така почна мојата кариера.
Ми стана секретар! Не, стана секретариште! Какво што СДММ никогаш немало и нема да има.
Сите активности, сите дружби, сета хемија во СДММ е твоја и само твоја “вина”. Тоа сите го знаеме, сите го чувствуваме и сите ќе го паметиме. Ти беше и ќе останеш еден и единствен.
Често на шега ќе кажевме, “Еден ден, Младинскиот летен камп на СДММ ќе треба да се вика “Трајче Нешковски”. За жал и тоа дојде…
Извозевме стотици илјади километри, марширавме илјадници, безброј забави и дружби. Сите станавме семејство поради тебе. Ти беше и секогаш ќе бидеш хемијата која не сплотуваше. Дрим тимот!

Тимот и ударната каписла која секогаш велевме дека ќе го смени светот. И во еден мал сегмент успеавме, го сменивме! Историја испишавме!
Трајко ми е семејство. И неговото семејство е мое семејство. И јас со тебе никогаш нема да се простам.

Ти секогаш ќе бидеш во мене, зошто јас сум јас поради тебе!
Брату мој, со “Bella ciao” и “Рачунајте на нас”, во себе ќе те носам засекогаш јас!

Со твоите солзи, покриј ме мене, за убав цвет да изникне…”
Те сака засекогаш, твојот Кабра!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Преземени биле реанимациони постапки, по што дежурна екипа во 7 часот и 30 минути утринава констатирала смрт.

Д-р Костов за самоубиството: Страшно и тажно, беше пациент под психијатриски надзор

Пациент на 71 годишна возраст, утринава нешто по 7 часот, си го одземал животот скокајќи...

Пациентот се фрлил од првиот кад на Ковид-центарот и не го преживеал падот. Неофицијално, пациентот бил хоспитализиран неколку дена и имал психички проблеми.

Се самоуби ковид пациент со скок од првиот кат на болницата „8 Септември“

Пациент роден 1950 година хоспитализиран во ковид-центарот во ГОБ „8-ми Септември“ се...

Увид направиле полицијата и јавен обвинител при основното јавно обвинителство од Прилеп. Наредена е обдукција.

ТРАГЕДИЈА: Загина 25-годишен ловџија погоден со куршум од лице со кое бил на лов

Дваесет и петгодишен прилепчанец денеска им подлегнал на повредите откако бил погоден...