Името на Милош Давчевски јавноста го слушна во мај, 2011 година. Тој беше поврзан со убиство какво што до сега не се памети. Тивкиот убиец од Драчево од тогаш, па се до денес го паметиме по животот заедно со мртов човек кој го задавил со пешкир, па го закопал под спалната соба во неговата куќа. Ваквата тајна Давчевски ја чуваше две години. За него по изречениот затвор не знаеме многу, освен дека е осуденик во најголемиот затвор во државава и таму ја издржува изречената 11 годишна казна.

Објавил: Весна Петровска | 9 јануари, 2020 15:55

Емотивна исповед на убиецот од Драчево кој го закопа соседот под спалната: Имам надеж за подобро утре!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

МКД.мк пренесува приказна од скопскиот затвор. Приказната е на тивкиот убиец од Драчево кој што закопа соседот под спалната и тој порачува дека никој нема да му ја одземе надежта.

Името на Милош Давчевски јавноста го слушна во мај, 2011 година. Тој беше поврзан со убиство какво што до сега не се памети. Тивкиот убиец од Драчево од тогаш, па се до денес го паметиме по животот заедно со мртов човек кој го задавил со пешкир, па го закопал под спалната соба во неговата куќа. Ваквата тајна Давчевски ја чуваше две години. За него по изречениот затвор не знаеме многу, освен дека е осуденик во најголемиот затвор во државава и таму ја издржува изречената 11 годишна казна.

Во списанието „Искра“ кое почна да се печати како проект на дел од вработените на затворот на чело со директорот Боби Мојсовски ја има испишано приказната на убиецот од Драчево.

– „Затворен сум веќе долги години осум и затворен во четири студени и темни ѕида се прашувам постојано веќе и кој сум но крајот се уште не можам да го видам. Јас имам сон за подобро и светло утре имам надеж дека тоа утре ќе биде сега сега кога мојата вера е доминантна кога имам љубов полно срце, љубов за сите и ја молам кармата побрзо да дојде во дните. Ми остана само надежта, но надежта нема да ми ја одземе никој кога разочарано ќе речам нема надеж веќе, тука е сонот а тој сон надежта ми ја враќа. Има мигови кога надежта ме смее има мигови кога сум стварно среќен кога сум возбуден и исполнет со љубов тоа е се благодарение на надежта. Јас живеам во сегашниот миг без минато и иднина живеам во надеж дека „сега“ може да ми биде најубавиот миг. Сонувам за момент на среќа сонувам за мојата искрена вера сонувам дека сакам и дека љубасонувам дека сакам и дека љубам сонувам за подобро, слободно утре. Ова го гледам како казна од кармата кармата ми наплаќа долгови стари кармата ме остави празен и без пари но кармата ќе ме врати на патеки стари. Ја молам кармата да ја премота лентата да ги види сите мои животни дела кои ги има милиони од кои има многу добри а и по некои одвратни и зли. Во овој момент на спокој и мир добивам инспирација, добивам желба надеж, љубов, сон, вера за мојата карма да биде сега дарба. Сеуште сум млад, имам уште три години тешки но до слобода ќе чекорам полека пешки. За слободата живеам, копнеам и сонувам. Сеуште имам вера. Сеуште имам надеж. Сеуште имам љубов, и имам сон! Се оставам на неа, на кармата“, пишува Давчевски во песната со наслов „Надеж“.

Повеќе прочитајте ТУКА

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

„Оваа информација не е ниту нова, ниту непозната ако се има предвид фактот дека уште за време на изборната кампања на парламентарните избори 2016г. токму Заев од митинг во скопската населба Капиштец нарачуваше обвиненија и ја диригираше работата на Катица Јанева и на цело СЈО. Ако од позиција на опозициски лидер во 2016г. имаше увид во работата на СЈО, или подобро кажано, тој ја утврдуваше „агендата на политичкиот прогон“ што СЈО послушно ја спроведуваше во пракса, можеме само да замислиме што овој човек правел од позиција на претседател на влада. Да не заборавиме дека цела година Заев беше претседател на комисијата за реформи во судството, позиција што тој успешно си ја валоризираше за задоволување на своите интереси и политички потреби, за директни нарачки кај судиите и обвинителите,“ потенцира универзитетската професорка.

Каракамишева: „Бомбата“ за Заев е само потврда дека тој диригира со судството и обвинителството!

Најновиот аудио запис и транскрипт што вчера беше објавен од страна на Антонио Милошоски...

Мажот, кој беше во критична состојба по експлозијата, почина синоќа на Единицата за интензивно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје.

ТРАГЕДИЈА: Четврта жртва од експлозијата во Романовце

Мажот, кој беше во критична состојба по експлозијата, почина синоќа на Единицата...

Истите ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 21 степен. Сепак и покрај ова и тоа особено долж Повардарието и на исток ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје и околината ќе имаме сончево и релативно топло време со умерена, повремено и локално позначителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, ветерот повремено ќе засилува.

Непредвидливо време до крајот на неделата- денеска уживајте во сонцето

До крајот на денов ќе имаме сончево време со умерена, локално и позначителна облачност,...