Никола Груевски , „Ќе им порачам: на власт се доаѓа и се заминува. Во затвор се влегува и се излегува. Пари се заработуваат и се трошат. Политичка подршка се добива и се губи. Мандати почнуваат и завршуваат.
Но, достоинството кога се губи, се губи засекогаш. Тоа го губат тие кои полни со омрза ме прогонуваат и неможат да се помират дека неможат да ме скршат, иако пробаа се, буквално се’.
Бесни се, ќе им дојде крајот. Иднината им припаѓа на оние кои најдолго и најдалеку се сеќаваат на минатото. (Ф.Ниче).
Јас сум ништожен и беззначаен во однос на илјадниците жртви дадени за делото и каузата за која со генерации македонските патриоти и маченици пред кои стојам мирно и се поклонувам, се бореа, гинеа, страдаа, беа затворани, понижувани и угнетувани.
Затоа, главата горе мои сопартијци и чесни Македонци. И не заборавајте: ќе ги победиме!“
Никола Груевски – Почесен Претседател на ВМРО – ДПМНЕ
Никола Груевски е осуден на две години затвор поради тоа што “влијаел”каде да се набави возилото со кое денес гордо се чекаат и возат светските државници во Македонија.
Еден познат Швајцарски Адвокат од канцеларијата Ландсман вели дека, ова е преседан со скриени намери, прво не се докажа кој ги снимаше разговорите и никој не се осуди за истото, со што ке се воведеше и увертирата на правниот субјект “Државата пред се” по што можеше да добијат на тежина и прислушкуваните разговори.
И ако е се така како што тврдат Македонските колеги , тогаш највисоката казна ќе беше парична. Возилото не е во рацете на осудениот ниту па било планирано да се одметне.
И други правни лица од европскиот континент со кои се советувавме со сличен заклучок, овде немаше злоупотреба, на службена должност, возилото и денес се користи со “ полна пареа” Цената на возилото е во нормалата.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.