Свет
Криза
Спасувачките служби и пожарникарите ги пребаруваат урнатините во Петриња создадени од уривањето на зградите по земјотресот со јачина од 6,3 степени по Рихтер.
Татко и дете беа извлечени од станбена зграда и со возило на брза помош беа пренесени во болница.
Тие се во видлив шок и покриени со прашина. Засега е непознато со какви повреди се здобиле, но ги однеле на носила.
Еден постар човек е спасен од друга трошна зграда која влегол во станот неколку минути пред земјотресот. Тој е во добра физичка состојба, пишуваат хрватските медиуми!
Улиците на Петриња се полни со урнатини.
Голем број згради се оштетени, а спасувачите трагаат по преживеани. Сите достапни противпожарни единици од Загреб се на пат кон Петриња да помогнат во акцијата за пребарување и спасување.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
Поврзани вести со оваа тема
Најчитани вести




Останати вести од Криза
Најнови вести

Тикер вести
You must be logged in to post a comment.