Поминале минути на тешки битки, чекале поглед од докторите дека сè ќе биде добро, дека ќе помине. Благоја Грујовски е еден од нив.

Објавил: Сара Фемина | 22 мај, 2021 12:26

ЕМОТИВНО СВЕДОШТВО НА ФОЛК-ПЕЈАЧОТ ГРУЈОВСКИ: АКО НЕ ДОЈДЕВ ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“, ЌЕ ЈА ИЗГУБЕВ БИТКАТА СО КОВИД-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Никој не е поштеден и болеста секому може да му донесе тешка борба – борба за животот. Често, речиси секојдневно цела измината година – за жал, ова го потенцираат многумина. И тоа од свое искуство.

Поминале минути на тешки битки, чекале поглед од докторите дека сè ќе биде добро, дека ќе помине. Благоја Грујовски е еден од нив.

Познатиот пејач сè уште заздравува од последиците на Ковид-19… Пред извесно време тој буквално се борел за својот живот. А не ни помислувал дека нему ова може да му се случи – витален е, без никакви здравствени проблеми претходно.

Коронавирусот можел да биде фатален. Лекувањето заврши во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ и Грујовски сè уште е под надзор. Тоа што преживеал, вели, е заслуга на стручниот тим на болницата, благодари за посветеноста и грижата.

КОРОНАВИРУСОТ НЕМИЛОСРДНО НАПРЕДУВАШЕ

Првите симптоми кои ги почувствувал уште кога не ни помислувал дека е заразен биле болки во телото, во коските. Грујовски не мислел дека станува збор за Ковид-19. Болките продолжиле, а за три дена кренал и повисока температура, што било аларм дека можеби станува збор за вирусот. По направениот тест, присуството на вирусот веќе било докажано. Грујовски за брзо веќе имал проблеми со дишењето, а по направената рендген-снимка веднаш требало да биде и хоспитализиран. Сè се случувало за краток период. Бил сместен во ковид-центар, но ситуацијата се влошила. Грујовски добил таканаречена цитокинска бура.

„Откако стана јасно дека работите не одат на добро и ситуацијата се влоши, одлучив да се преместам во Клиничката болница ‘Аџибадем Систина’.

Кога станува збор за здравјето и за животот мора да се избере најдоброто. Знаев дека може да верувам. Дека има опрема, дека овде работат најдобрите доктори. Уште веднаш примав лекови за да се смири таа цитокинска бура. Сега сум исклучително благодарен на сите.

Тие се заслужни што повторно сум добар – сопственикот Јордан Камчев, кој покажа исклучителен интерес, но и докторите Патриција Каламарас – инфектолог, д-р Валерија Кирова Урошевиќ инфектолог, д-р Никола Шиков – анестезиолог, д-р Хараламбос Сидиропулос – инфектолог.

Сиот персонал кој беше вклучен во моето лекување даваше сè од себе за пациентите. Лично се уверив во совршеноста на системот во ‘Аџибадем Систина’, која е сериозна болница од светски ранг“, вели Грујовски. Пејачот раскажува дека можеби имал погрешен став во однос на вирусот, иако никогаш не сметал дека ковид не постои. Вели дека почитувал препораки и се штител. Сепак, како што објаснува, тешко се изборил. За себе вели дека никогаш порано не бил посериозно болен, имал добар имунитет. „Иако има многу непознати во однос на вирусот, сепак нели тврдењата се дека постарите луѓе потешко поминуваат, за жал за нив болеста е и фатална. Иако имав подобар имунитет, поминав многу лошо.

Од овој аспект само можам да кажам дека вирусот е многу непредвидлив, мистериозен. Затоа упатувам апел до сите посериозно да го сфатат ова, да не се опуштаме и да ги почитуваме препораките. Нема правила и, за жал, сите можеме да настрадаме“, вели Грујовски.

baze grujovski

БОРБА ЗА ЖИВОТОТ ОД МИНУТА ВО МИНУТА

Д-р Каламарас вели дека Грујовски во „Аџибадем Систина“ бил префрлен во тешка, животозагрижувачка состојба и веднаш бил приклучен на неинвазивна механичка вентилација. Утврдено е дека има цитокинска бура и битката започнала.

„Утврдивме дека има цитокинска бура која беше со високи вредности за интерлеукин така што итно пристапивме да ја средиме цитокинската бура со посебна терапија која ја употребуваме во нашата болница. Неколку дена, колку што имаше потреба, беше на неинвазивна механичка вентилација, а потоа со одредена терапија пациентот беше подобар. Постепено го исклучивме од механичка вентилација.

Тој беше во животозагрижувачка состојба. Впрочем, минути беа во прашање. Најкритичен момент беше кога дојде. Потоа имаше подобрување. Додека се боревме машината му помагаше да дише“, вели д-р Каламарас.

Благоја Грујовски успеа – неговото здравје сега е значително подобро. Во „Аџибадем Систина“ се бореше во време кога бројот на новозаболени повторно се зголемува. Д-р Каламарас вели дека во последниот период клиничката слика на новохоспитализираните пациенти се менува. Воочиле дека болеста сега е поагресивна и побрзо се развиваат пневмонии и потешки клинички слики. Додава дека се забележани постковид состојби како резултат на мултиорганско засегање. Многу често кај многу од пациентите се јавува состојба проследена со отежнато дишење, брзо заморување и често е потребен подолг временски период за закрепнување.

„Со навремени проверки може да се стопира процесот на понатамошна фиброза, што е од исклучителна важност. Кај овие пациенти често има оштетување на крвните садови, оштетување на срцето, а се развива и дијабет и невролошки компликации, како и можност за тромбозирање на крвните садови, што може да резултира со мозочни, срцеви и пулмонални инфаркти“, вели д-р Kаламарас.

Објаснува дека во болницата „Аџибадем Систина“ се изведуваат сите неопходни и чести прегледи и пациентите се следат од инфектолог, кардиолог, пулмолог за што е креиран и посебен постковид пакет кој се состои од мултидисциплинарен пристап.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Информациите од регулаторните тела од Германија и Канада, од вчера, се дека оваа вакцина привремено ќе ја користат само кај популација постара од 60 години.

ФИЛИПЧЕ: АСТРА ЗЕНEКА Е БЕЗБЕДНА ЗА ВОЗРАСНИТЕ ГРАЃАНИ

Вакцината на Астра Зенека е безбедна за возрасните групи граѓани со кои денеска ја...

Кокцигеалниот сегмент е составен од крстната коска која е формирана со спојување на 3 до 5 мали прешлени. Најчесто крстната коска е составена со спојување од 4 мали прешлени, но кај некои луѓе можно е таа да биде составена од 3 или 5 мали прешлени, што не влијае на нејзината функција.

ЗДРАВЈЕ: Структура и функција на здравиот ’рбет

Рбетот претставува комплексна структура која овозможува стабилност и мобилност на...

75 % од жените кои имаат карцином на дојка немаат семејна историја за оваа болест. Фактот што се „жени“ е доволна причина да го носат ризикот од карцином на дојка.

10 ризик фактори за карцином на дојка

10  ризик фактори за карцином на дојка. Пол: Карциномот на дојка најчесто се јавува...