Џошуа успеа да прати Руиз на подот во почетокот на третата рунда, но Мексиканецот со фантастична размена на ударци успева со иста мера да му врати на Британецот.

Објавил: Перо Милчин | 2 јуни, 2019 9:42

ЕНДИ РУИЗ МУ ЗАДАДЕ ШОК НА СВЕТОТ: БОКСЕРСКИОТ ШАМПИОН ЏОШУА НОКАУТИРАН!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Енди Руиз е новиот светски шампион.

Мексиканецот во „Медисон Сквер Гарден“ го шокираше светот и го победи Ентони Џошуа со технички нокаут во седмата рунда. Популарниот „Еј Џеј“ влезе како најголем фаворит во овој боксерски меч, но Руиз покажа дека се работи за фантастичен боксер и тој стана шампион по верзиите ВБА, ИБФ, ВБО и ИБО.

Првата рунда беше мирна , а Руиз два пати го погоди шампионот на отворањето на втората рунда и тогаш му стана јасно дека може да го загрози шампионот, а токму тогаш почна спектаклот на вечерта. Антони Џошуа успеа да прати Руиз на подот во почетокот на третата рунда, но силниот Мексиканец со фантастична размена на удари успеа со иста мера да му врати на Џошуа.

Руиз се почесто го погодуваше светскиот шампион и по втор пат го прати на подот Џошуа, кој пак и овој пат успеа да се извлече. 

Во седмата рунда веќе се беше готово. Новиот светски шампион два пати успеа да го нокаутира Британецот по што мечот беше прекинат, а Мексиканецот Енди Руиз постана нов светски шампион. Ова е прв пораз за Џошуа во кариерата (22-1), додека Руиз сега има биланс од 33-1.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Другите закони се усогласувања со законот за прекршоци, каде се намалуваат глобите што е пак интерес на граѓаните.

СДСМ: На 32. седница на Собранието без ВМРО-ДПМНЕ донесовме важни закони

На 32. седница на Собранието парламентарното мнозинстви усвои важни закони за граѓаните...

Веста за моментално лошата состојба на Кајмакоски ни ја потврди и Васко Белески, човекот кој најголемиот дел од времето на X Faktor го помина токму со Даниел на поготовките во Белград.

Кајмакоски во лоша состојба: Итно пренесен во болница по сомнежот дека неговата екс сопруга му дала кафе од кое му се слошило

Пејачот Даниел Кајмакоски вчера бил примен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. На...

Додаде дека е важно што со тоа ништо не се крие од граѓаните и тие ќе знаат кој функционер на каков работен ручек бил, за каква цел се потрошени парите, а ограничувањата важат за сите функционери почнувајќи од премиерот.

Николовски: 1.500 денари ќе смее да потроши министер за работен ручек

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот,...