Од Центарот потврдуваат дека се преземаат превентивни мерки за спречување на заразата, при што дел од заболените се препратени на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип.

Објавил: Весна Петровска | 21 октомври, 2019 16:47

Епидемија на заразна жолтица во Кочани

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Центарот за јавно здравје од Кочани прогласи епидемија од заразна жолтица, откако бројот на регистрирани заболени во изминатите десетtина дена надмина 20 лица. Најголемиот број пациенти кај кои е утврдено присуство на вирусен хепатит А се ученици од две основни училишта во градот.

Од Центарот потврдуваат дека се преземаат превентивни мерки за спречување на заразата, при што дел од заболените се препратени на инфективното одделение во Клиничката болница во Штип.

– Состојбата со заразната жолтица во регионот ја следиме од крајот на минатиот месец кога беа регистрирани првите шест случаи, а во текот на последната недела дојде до забележителен пораст. Дел од пациентите со полесни симптоми беа пуштени на домашно лекување, додека посериозните случаи се лекуваат во Клиничката болница во Штип. Меѓу заболените има и повозрасни лица, иако главно се работи за ученици од основно образование, за што на родителите им посочуваме дека е потребна поголема грижа за личната хигиена на нивните деца, истакна Горан Николов, епидемиолог во Центарот за јавно здравје во Кочани.

Во училиштата во кои е регистрирана заразата се прави засилена дезинфекција, при што скратени се и часовите за да може таа да биде на пократок временски рок. Дополнително, во сите образовни установи е поделен едукативен материјал за правилното миење раце со сапун за да се спречи контактното ширење на инфекцијата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

Прочка бара помладиот од постариот со зборовите „прости ми“, а постариот одговара „простено да ти е од мене и од Бога“.

ВО НЕДЕЛА Е ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК ПРОЧКА- Еве што задолжително треба да има на трпезата

Во недела е големиот христијански празник, Прочка или Велики поклади — ден...

Венко Филипче и Зоран Заев веројатно се сложуваат во едно нешто, а тоа е дека на власта не и одговараат масовни собири и протести пред изборите!

Коронавирусот повод за забрана на сите јавни собири. Дали е ова политички инструмент!?

Министерот за здравство, Венко Филипче најави дека на седница на Владата ќе достави...

Во предметот се испитуваа евентуални неправилности околу увозот, рокот на употреба и евентуално предизвикани штетни последици од вакцините. Дополнително за истиот настан кривична пријава поднесе и Здружението на граѓани за заштита на човековите права „Здравје со игла не влегува“ од Кичево.

МРП вакцините кои беа повлечени биле квалитетни- никој нема да одговара за погрешните налепниците

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Резолуција...

Како што велат од таму, работниците немаат симптоми на коронавирус, но се под здравствен надзор затоа што претходно биле во Италија.

Две лица ставени во изолација во Битола поради опасност од коронавирус

Од центарот за јавно здравје за „СДК“потврдија дека денеска двајца Бугари кои работат...