Уште колку заболени и жртви треба да се случат за да се прогласи епидемија на ниво на цела држава?

Објавил: Данаил Михајловски | 13 април, 2019 16:55

Епидемија од морбили, Филипче му понудил оставка на Заев, заради големиот број на жртви

Фото/Текст извор: ©магазин

После вчерашната трагедија на штипјанката која го загуби своето неродено бебе во шеститот месец од бременоста, како последица на епидемијата од морбили, министерот Филипче разговарал со премиерот Заев и му понудил оставка од морални причини. Според нашиот извор од министерството за здравство, министерот Филипче чувствувал морална одговорност затоа што тимот на министерството за здравство не успеал да ја сузбие епидемијата на морбили која трае веќе 4 месеци, а зад себе остави 30 мртви луѓе и пет неродени бебиња меѓу 4ти и 6ти месец на бременоста, абортирани заради заразата. Се очекува во следниве неколку дена од премиерот Заев да се изјасни дали ќе ја прифати понудената оставка од министерот Венко Филипче.

Бројот на заразени со малите сипаници денес е 1004 лица, а освен Скопје, критична е бројката на заразени во Куманово, Тетово, Струга, Свети Николе, Кичево, Штип, Гевгелија, Прилеп и Дебар. Најкритично е во главниот град, каде епидемијата е решиси излезена од контрола, и само денес на детската клиника во Скопје се евидентирани нови 17 деца заразени од мали сипаници. Еден дел од оние што се хоспитализирани на Клиничкиот центар се бебиња помали од 12 месеци, а поголемиот број се луѓе на возраст од 35-65 години, но и двете се многу ризични и ранливи категории.

Според член 56 од Законот за заштита на населението од заразни болести, при појава на епидемија во поголем број на општини во земјата, миистерството за здравство и владата треба да прогласат епидемија на ниво на целата држава, особено кога заразната болест покажува тенденции на забрзано ширење. Министерството за здравство тогаш наложува мерки за сузбивање на епидемијата. Член 64 од истиот закон вели дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат има право и должност додека трае опасноста од епидемија да забрани собирање на лица во училишта, кина, театри, јавни локали и игротеки, додека трае опасноста од епидемија.

Како што расте бројот на заболени, се повеќе на удар на малите сипаници се и трудниците. На Инфективна во моментов на болничко лекување се две бремени жени со морбили, од кои едната е во 9-ти месец, пред породување. Покрај нив хоспитализирани се уште 42 пациенти со ова заразно заболување. Се очекува бројот на пациенти да расте, а тоа го покажуваат и бројките од Институтот за јавно здравје, кои заклучно со денес регистрирале 138 нови случаи со морбили во изминативе 8 дена. Дел од новозаразените се медицински сестри или лекари, што дополнително го намалува капацитетот на болниците да се борат со ширењето на оваа опасна епидемија.

Во вторник министерот Филипче и премиерот Заев ќе имаат специјална средба на оваа тема со Комисијата за заразни болести и се очекува да прогласат епидемија во цела држава. Според изворот од министерството за здравство, се очекува да предложат порадикални мерки како времено затворање на дел од градинките во Скопје, Тетово и Куманово, затворање на повеќе игротеките, делумно затворање на кинотеки, локали и спортски сали, се додека епидемијата заразува се поголем број на граѓани и нанесува големи човечки и финансиски загуби за државата и засегнатите семејства.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Најчитани вести

[jetpack_top_posts_widget title="" count="5" types="post" display="list"]

Останати вести од Здравство

Во доцните ноќни часови, викендите и празниците, болните деца се носат во Струшката болница. Таму, пак, сликата е поинаква. Полни ходници деца, бидејќи Детското одделение, покрај од струшко, опслужува пациенти и од Дебар и Охрид

Хаос во детското одделение во охридската Општа болница, децата се носат во Струга

Детското одделение во охридската Општа болница една година не хоспитализира пациенти,...

Поради тоа во аптеките се принудени да го ограничат давањето на таблети на лицата заболени од дијабетис. Се даваат помалку кутии од потребните.

Бројот на дијабетичари се зголемува, а терапија нема

Светскиот ден на дијабетисот кај нас се одбележува со недостаток на инсулинска терапија...

Според вработената на Онкологија, пофлагрантно се кршат прават на пациентите во ноќната смена, а скапите терапии за рак, според неа, се даваат со вкрстен потпис на директорот, специјалистот и главните медицински сестри. Таа вели дека ги пријавува овие неправилности од сочувство кон пациентите кои страдаат.

На Онкологија се препродаваат лекови, тврди вработена на клиниката

Жена вработена на Клиниката за радиотерапија и онкологија во изјава за „Алсат“ сведочи...

Во известувањето се додава дека јавноста ќе биде навремено информирана кога министерот ќе назначи нови директори на двете клиники, согласно законските процедури.

Оставки на Клинички, од директорските места заминуваат Софијанова и Васев

Оставка поднеле директорката на Детската клиника, доктор Аспазија Софијанова и директорот...