Само двајца Министри преживеаја

Објавил: Македонка Димкин | 4 јуни, 2023 19:09

Ердоган го објави составот на новата влада. Само двајца министри останаа на своите функции

Фото/Текст извор: ©Хуриет

Реџеп Таип Ердоган, кој освои трет мандат на претседателските избори во Турција, во саботата го објави составот на новата влада, откако положи заклетва за нов петгодишен мандат на чело на Турција.

По свечената вечера на која присуствуваа речиси 80 претседатели на држави и влади, Ердоган го објави составот на новата влада, во која министерствата за одбрана, надворешни работи и економија претрпеа темелни промени.

Новата влада првпат ќе се состане во вторник, најави тој претходно. По вечерата, Ердоган отиде во претседателската палата Чанкаја, каде живееше и работеше Мустафа Кемал Ататурк, за да го објави составот на новата влада.

Како што се очекуваше, признатиот експерт Мехмет Шимшек, поранешен министер за финансии (2009-2015), а потоа вицепремиер за економска политика (до 2018 година), го презема Министерството за финансии.

Името на Мехмет Шимшек (56) упорно се појавуваше во медиумите: поранешниот економист на американската банка Мерил Линч ќе биде задолжен да воведе ред во финансиската политика на земјата за да ја врати довербата кај инвеститорите.

Ќе се обноват и главните министерства: така Хакан Фидан, поранешен шеф на МИТ, турската разузнавачка служба, ќе ја преземе функцијата министер за надворешни работи, наместо Мевлут Чавушоглу.

Во Министерството за одбрана Јашар Гуелер, началникот на Генералштабот на вооружените сили, доаѓа на местото на Хулуси Акар, поранешниот началник на Генералштабот кој ја извршуваше функцијата од јули 2018 година. Акар важеше за организатор на отпорот кон неуспешниот државен удар во јули 2016. Само двајца министри, здравство и култура, остануваат на својата должност.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.