
Свет
Вести
Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган соопшти по вечерашниот состанок дека Турција, поради зголемениот број случај на зараза со коронавирусот, ќе воведе полициски час!
„Се соочуваме со многу сериозна ситуација. Бројот на починати е на загрижувачко ниво, особено во Истанбул“, рече Ердоган по состанокот на владата.
Претседателот на Турција најави забрана за движење за време на викендот од 20:00 до 10:00 часот, а рестораните и кафулињата ќе обезбедуваат услуги за достава на храна само дома.
Трговските центри, супермаркети и фризери ќе мора да се затворат во 20 часот, додека кината ќе бидат затворени до крајот на годината, а часовите за студентите ќе бидат на Интернет.
Ердоган предупреди дека мерките ќе бидат дополнително заострени доколку епидемијата продолжи да се шири.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.