Неприфатливо е Турција да нема нуклеарна бомба !

Објавил: Узунов Бобан | 5 септември, 2019 8:48

Ердоган: Неприфатливо е Турција да нема нуклеарна бомба !

Фото/Текст извор: ©магазин

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека е неприфатливо нуклеарните сили да ѝ забрануваат на Анкара да дојде до атомско вооружување, но не кажа дали Турција навистина има такви планови.

Некои земји имаат ракети со нуклеарни глави, не една или две. А нам ни велат дека не смееме да ги имаме. Јас тоа не можам да го прифатам“, кажа Ердоган на партиски собир во градот Сивас на истокот на земјата.

„Нема развиена земја во светот што ги нема“, додаде тој, иако вистината е дека многу развиени држави не поседуваат нуклеарно оружје.

Турција во 1980 го потпиша Договорот за забрана на ширењето на нуклеарното оружје и во 1996 Сеопфатниот договор за забрана на нуклеарните тестирања кој забранува нуклеарни детонации во кои било цели.

„Блиску ни е Израел, речиси сме соседи. Тие другите ги плашат со тоа што имаат нуклеарно оружје. Никој не смее да ги чепне“, кажа Ердоган.

Странските аналитичари проценуваат дека Израел поседува значителен нуклеарен арсенал. Израел во таа смисла води двосмислена политика и не сака ни да потврди ни да негира дека има нуклеарни капацитети.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести

И ова трае неколку години. Револтот кај родителите расте, а децата секојдневно по неколку часови поминуваат во руинирана барака.

Децата од Лисиче учат во мизерни услови, родителите револтирани: Очајната состојба во ОУ „Димитар Македонски“ е врв на негрижата на властите

Основното училиште „Димитар Македонски“ во скопската населба Лисиче наместо достоинствени...

Како што информира градоначалникот Петре Шилегов пролетта 2017 година е констатирано заболување на овој дрворед, но покрај сите обиди што ги направиле, дрворедот морал да се отстрани.

ШИЛЕГОВ ГРЕШКАТА ЈА ПОПРАВА: Нови јапонски цреши на „Максим Горки“

Градот Скопје денеска започна со обновување на дрворедот на улицата „Максим Горки“...

Пред повеќе од еден месец, по совет на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, со посредство на љубезниот директор на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски, во соодветната служба на МВР, пријавив физичко следење од страна на неовластено лице, напиша Героски на својот Фејсбук профил.

Героски со апел до обвинителството: Изјаснете се за случајот или јас ќе ја известам јавноста!

Новинарот и уредник на порталот Плус Инфо, Бранко Героски со ОТВОРЕН ПОВИК ДО ЈАВНОТО...